Само уште една победа од последните два натпревари ги дели кошаркарите на Атланта до пласман во втората плејоф рунда откако ноќеска славеа во Индијанаполис со 97:107.
„Јастребите" уште еднаш изненадија на теренот на првопласираната екипа на Истокот и во еден момент од првото полувреме водеа со дури 25 поени разлика. Во второто полувреме Хокси продолжија да го зголемуваат водството (+30), ја контролираат играта на паркетот и постигнаа уште 41 поен за трета победа во плејоф серијата.
Антиќ одигра 20 минути и постигна само 1 поен (1/2 за 1п, 0/2 за 2п и 0/1 за 3п), а оствари уште 2 скока и 1 асистенција.
Најрасположени кај Атланта беа Шелвин Мек со 20 и Пол Милсеп со 18 поени, а кај Индијана се истакна Пол Џорџ со 26 поени и 12 скока.
Следниот натпревар на кој Атланта може да обезбеди пласман во втората рунда се игра на нивниот терен во петок наутро во 01:00 часо по наше време.
Мајами веќе обезбеди втора рунда со победата на гостувањето кај Шарлот од 98:109, а Сан Атнонио славеше кај Далас со 89:93 и израмни на 2:2.