Гигантска пресметка за пласман во финале

Германско-шпанската класика вечерва ни носи нови возбудливи 90 минути по кои ќе го дознаеме првиот среќник кој на 24 мај ќе патува во Лисабон. Баварците бркаат трето финале во низа, Кралевите немаат до таму стигнато веќе 12 години.

Баерн Минхен – Реал Мадрид

- Ова е шесто нивно полуфинално соочување во Лигата на шампионите. Баерн е подобар и го елиминираше Реал четири пати (1976, 1987, 2001 и 2012), додека Реал се пласираше во финале само во 2000 година.

- „Кралевите“ четврта година по ред се полуфиналисти. Лани беа елиминирани од Борусија Дортмунд со вкупни 4:3, а претходно од Баварците на пенали.

- Реал Мадрид како најуспешен тим во Лигата на шампоните е во обид да стигна до 10 европска круна, додека Баерн се бори за шеста титула.

- Шпанците се најефикасни оваа сезона во ова натпреварување со 33 голови, а рекордот го држи Барселона која во сезоната 1999/2000 постигна 45 погодоци.

- Со серијата од 10 триумфи по ред во Лигата на шампионите, Германците му го срушија рекордот на Барселона од 2002/2003.

- Кристијано Роналдо го стигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови во една сезона во ЛШ. Двајцата имаат рекордни 14 погодоци.

- Додека Реал се обидува да стигне до јубилејна 10 европска титула, Баерн се обидува да го стори тоа што му успеа на Милан, а тоа се две круни во низа 1989 и 1990 година. Доколку Баварците се пласираат во финале, тие ќе станат првиот тим по Јувентус кој стигна до три последователни финалиња од 1996 до 1998 година.

Типстерите го фаворизираат Баерн, што мислите вие?

29 април 2014 - 13:02