
Екипата на Цибона уште од самиот почеток на натпреварот покажа дека повеќе ја сака титулата од АБА лигата и до пред крајот на првиот дел стигнаа до двоцифрена предност.
Предводени од одличниот Дарио Шариќ, Цибона не и дозволи на Цедевита да се разигра и на крајот триумфираше со 72:59.
Најдобар кошаркар во хрватското финале пред околу 2.000 гледачи во Комбанк арената во Белград беше Шариќ со 23 поени, 11 скокови, 7 асистенции и 5 блокади. Единствен со двоцифрен број на поени кај Цедевита беше Зубчиќ со 13.
Ова е прва титула за Цибона во АБА лигата по четири одиграни финалиња.