Судбината сега е во рацете на Мануел Пелегрини и фудбалерите на Манчестер Сити кои имаат натпревар помалку и имаат најдобра гол разлика.
Моментална табела:
1. Ливерпул 36 одиграни; +50 гол разлика; 80 поени
2. Челси 36о; +43гр; 78п
3. Манчестер Сити 35о; +58гр; 77п
До крајот на сезоната ќе се одиграат уште:
Евертон - Манчестер Сити
Манчестер Сити - Астон Вилa
Манчестер Сити - Вест Хем
Кристал Палас - Ливерпул
Ливерпул - Њукасл
Челси - Норич
Кардиф Сити - Челси
Манчестер Сити може да ја освои титулата ако:
Доколку Манчестер Сити, Ливерпул и Челси победат на последните натпревари, титулата ќе патува во Манчестер заради најдобрата гол разлика на Сити.
Манчестер Сити може да се надева и на кикс на Ливерпул кај Кристал Палас, по што во последното коло ќе им биде потребен само поен на домашен терен со Вест Хем, под услов претходно да победат на гостувањето кај Евертон и на заостанатиот натпревар против Астон Вила.
Ливерпул може да ја освои титулата ако:
Екипата на Ливерпул ќе навива за своите градски ривали. Евертон има добра традиција против Манчестер Сити на својот терен, па доколку во сабота тие повторно успеат да триумфираат, тогаш на Ливерпул ќе му биде потребен само поен во последното коло против Њукасл.
Челси може да ја освои титулата ако:
Жозе Мурињо одамна тврди дека неговиот тим нема шанси за титулата, но со победата кај Ливерпул тие повторно се вратија во трката.
Челси не може да им ги помати сметките на Ливерпул и Манчестер Сити доколку тие редат победи до крај затоа што има убедливо најслаба гол разлика.
Но доколку Ливерпул и Манчестер Сити загубат на барем еден од последните натпревари, а Челси ќе биде шампион ако победи против Норич и на гостувањето во последното коло кај Кардиф.