Луис Суарез е најдобар фудбалер во англиската Премиер лига според Асоцијацијата на професионални фудбалери. Напаѓачот на Ливерпул си ја заслужи оваа награда со 30-те гола и водечката позиција на листата на стрелци оваа сезона.
Суарез доби повеќе гласови од Азар и Јаја Туре од Манчестер Сити.
За најдобар млад фудбалер на годината во Премиер лигата, колегите го прогласија Еден Азар од Челси. Зад него според бројот на гласови завршија Даниел Стариџ и Лук Шо.
Асоцијацијата на професионални фудбалери од Англија го изгласа и најдобриот тим на годината. Во формација 4-4-2 тој би изгледал:
Голман: Петр Чех
Одбрана: Симус Колман, Гери Кејхил, Венсан Компани, Лук Шо
Среден ред: Адам Лалана, Стивен Џерард, Јаја Туре, Еден Азар
Напад: Даниел Стариџ, Луис Суарез
Ова е прв пат по 1990-та година како во најдобриот тим нема ниту еден фудбалер на Манчестер Јунајтед.