Индијана ја израмни плејоф серијата на 2:2 со победа на гостински терен.
Гостите го презедоа водството во самиот финишот, но Атланта имаше напад за израмнување во последните секунди. Одговорноста ја презеде Антиќ, но не успеа да реализира од зад линијата за три поени и Индијана победи со 88:91.
Антиќ одигра 25 минути за кои постигна само 2 поени (1/3 за 2п и 0/3 за 3п), а оствари и 2 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка.
Пол Милсеп ја предводеше Атланта со 29 поени, а најдобар во победничкиот табор беше Пол Џорџ со 24 поени.
Плејоф серијата се сели во Индијанаполис каде во вторник во 2:00 часот по македонско време ќе се одигра петтиот натпревар.