Манчестер Сити и ПСЖ се дел од клубовите на кои им е понуден договор за решавање на спорот со прекршувањето на правилата на финансискиот фер-плеј. Околу 20 клубови можат да изберат меѓу прифаќање на понудите од УЕФА или ќе заработат санкции.
Сè уште не е познато што УЕФА им има понудено на клубовите, а санкциите се движат од опомена до забрани за трансфери и рестрикција за тимовите за европските натпревари следната сезона. Најтешката казна е исфрлање од европско натпреварување, но најверојатно УЕФА нема да ја примени.
Според финансискиот фер-плеј, загубите на клубовите не смеат да надминат 37 милиони фунти (45 милиони евра) во две години. Манчестер Сити минатите две сезони имаа загуби од 149 милиони фунти.
ПСЖ се под лупата на УЕФА затоа што големите губитоци ги покриваат со нови спонзорски договори со разни катарски компании, но претседателот на Платини неодамна изјави дека не е сигурен дали тоа е според правилата.
Ако сè уште не ви е јасен финансискиот фер-плеј на УЕФА, клик тука.