Јувентус - Бенфика 0:0 (0:0)
Јувентус имаше целосна теренска иницијатива, но Бенфика успеа да одолее. Домаќините не успеаа дури ни да ја искористат предноста од играч повеќе откако Перез заработи втор жолт картон во 67-та минута.
Конте фрли се на една карта и тргна со сите сили во напад, но Бенфика успеаваше да ги неутрализира си нивни обиди. Јувентус успеа да ја затресе мрежата во 82-та минута, но овој погодок оправдано беше поништен заради офсајд.
Валенсија - Севиља 3:1 (2:0)
Фехули 14, Жонас 26, Матје 69 - Мбиа 94
Во шпанското полуфинале Валенсија уште во првото полувреме ја анулираше предноста на Севиља од првиот натпревар. Резултатот го отвори Фехули со одличен удар во 14-та минута, а 12 минути подоцна стрелаше Жонас со глава.
Валенсија не сопре и продолжи со нападите и во второто полувреме и голот кој ги носеше во финале го постигна Французинот Матје по корнер удар.
Но вистински шок на Местаља се случи во четвртата минута од судиското продолжение кога Мбиа биеше со глава за 3:1 и ја одведе Севиља во финалето на Лига Европа.