- Португалците се единствениот тим кој нема ниту еден пораз оваа сезона во Лига Европа. Минатата година стигнаа до финале каде беа поразени од Челси.
- Овие две екипи имаат само едно претходно соочување во четвртфиналето од ЛЕ во 1992/1993. Италијанците и тогаш загубија со 2:1 на првиот дуел, но на реваншот одговорија убедливо со 3:0. И на двете средби настапи Антонио Конте.
- Бенфика која веќе стана шампион во Португалија, победи на сите четири гостувања во Европа. Откако ова натпреварување се преименува во Лига Европа, тие се рекордери со 25 победи, 69 голови и 30 одиграни натпревари.
- Фудбалерите на Јувентус се блиску до трето Скудето во низа во Серија А. На домашен терен оваа сезона на меѓународна сцена имаат три победи и три нерешени.
Типстерите се убедени во победа на Јувентус, која е вашата прогноза?
- Ова е прва пресметка за овие две екипи на меѓународна сцена. Во Примера, Валенсија е поуспешна со 95 победи, 35, нерешени и 77 порази.
- Фудбалерите на Валенсија го освоија овој трофеј под водство на Рафа Бенитез во 2004 година, додека Севиља е единствениот тим кој успеал да ја одбрани Лигата на Европа со титулите во 2005 и 2006 година.
- За тимот од Местаља ова е петто полуфинале на меѓународните натпреварувања. Единственото кое не успеаа да го минат е она пред две сезони кога беа елиминиран од Атлетико Мадрид во ова натпреварување.
-Севиља е петтата екипа која од третото квалификациско коло успеа да стигне до полуфиналето.
Поголемиот дел од Типстерите типуваат на Валенсија, што типувате вие?