Хамбург во моментов се наоѓаат на третата позиција од дното во германската Бундеслига, со пет поени заостанување зад пласман кој им обезбедува опстанок и за прв пат во својата историја се соочуваат со испаѓање во понизок ранг.
Но тие не се предаваат и ги преземаат сите можни мерки. Една од нив е и ангажирањето на духовниот врач, Џозеф Кунерт кој ќе се обиде да ја елиминира негативната енергија на тимот.
На две кола до крајот, навивачите на Хамбург негодуваа и им порачаа на фудбалерите дека треба да поминат повеќе време на тренинг наместо со врачови, но ова не е прв пат како клубот го има најмено овој човек. Во 2007-та година тој исто така бил најмен за да ги „балансира емоциите" на тимот и успеал.
Иван Исцелител, биди на готовс. Ако ова им успее на Хамбург, ќе те бара еден Бошко или еден Илчо.