- Ове две екипи се судрија во финалето од Лига Европа на кое Шпанците беа убедливи со 4:1. Во ЛШ имаат само едно соочување, а тоа беше во групната фаза во 2009/2010. На првиот дуел беше 2:2, а во Лондон 4:0 за домаќините.
- Жозе Мурињо вечерва нема да може да смета на суспендираните Френк Лампард и Оби Микел, како и на повредените Петр Чех и Џон Тери.
- Челси беше неприкосновен на домашен терен со серија од 77 меча без пораз во Премиер лигата, но на 19 април беше шокиран од Сандерленд со 2:1.
- Атлетико е единствениот тим во ова натпреварување кој нема пораз во ЛШ. Шпанците се во серија од 14 меча без пораз на сите натпреварувања.
- Мурињо е во обид да стане единствениот тренер кој стигнал до финале со три различни клубови во ЛШ.
- За тимот на Челси ова е седмо полуфинале во ЛШ. Од последните четири успеа да го помине само она против Барселона пред две сезони кога со Роберто Ди Матео стигна до титулата.
- Според традицијата, последните четири екипи кои ги елиминирале Каталонците, потоа го освојувале најквалитетното клупско европско натпреварување, а оваа сезона тоа го стори Атлетико Мадрид.
Типстерите му даваат предност на Челси, што мислите вие кој ќе оди понатаму?