Веќе 22 години ниту еден освојувач на Лигата на шампиони не успева да си ја одбрани титула и следната година. Откако е оформена новата Лига на шампиони во сезоната 1992/93, ниту една екипа не останала на тронот во две последователни сезони.
Тоа се случи и со Баерн Минхен. И покрај тоа што имаа уште посилен тим од минатата година, нов квалитетен тренер, како и поволен резултат од Сантјаго Бернабеу, традицијата се повтори и тие беа понижени на својот терен од Реал Мадрид на реваншот во полуфиналето од Лигата на шампиони.
Вечерва се игра второто полуфинале меѓу Челси и Атлетико Мадрид, а ако им веруваме на традициите на Лигата на шампиони, тогаш сите пари треба да ги вложиме на Атлетико.
Традицијата на Лигата на шампиони вели дека последните четири екипи кои ја елиминирале Барселона, подоцна го освојуваат најелитното европско клупско натпреварување. Тоа оваа сезона во четврт-финалето им успеа на фудбалерите на Атлетико Мадрид.
На кратко сумирано:
- Вечерва Атлетико Мадрид треба да го елиминира Челси
- Финале на 24 мај: Атлетико Мадрид - Реал Мадрид
- Шампиони: Атлетико Мадрид