Патникот во следното коло од плеј-оф серијата меѓу Атланта и Индијана ќе се решава со мајсторка во Индијанаполис.
Кошаркарите на Атланта одиграа слабо во нападот и имаа лоша реализација од поле (35,8%), а посебно слабо одиграа во последните 4 одлучувачки минути кога постигнаа само 4 поени. На крајот Индијана победи со 88:95.
Перо Антиќ одигра 27 минути за кои имаше учинок од 5 поени (3/4 за 1п, 1/3 за 2п и 0/4 за 3п) и 6 скока, 1 асистенција, 1 украдена топка и 2 блокади.
За Атланта не беа доволни ни 29 поени од одличниот Џеф Тиг, а кај Индијана се истакнаа Џорџ и Вест со по 24 поени.
Последниот натпревар ќе се одигра во сабота вечер во 23:30 часот по македонско време.