20 години без Аиртон Сена

Денешниот ден е еден од најтажните денови во историјата на Формула 1 и на спортот воопшто. На денешен ден пред 20 години загина Аиртон Сена.

За многу луѓе 1-ви мај е празни, но за љубителите на Формула 1 тоа е еден од најтажните денови. Пред точно 20 години, на 1 мај 1994-та година, животот го загуби еден од најдобрите возачи на сите времиња, Аиртон Сена.

Легендарниот возач загина на 34-годишна возраст откако загуби контрола на болидот и со огромна брзина удри во ѕидот на кривината Тамбурело на патеката Имола. Само еден ден претходно на скоро истото место животот го загуби Австриецот Роланд Раценбергер.

Во својата кариера Сена триумфираше 41 пат и освои три шампионски титули. Тој остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд на сите времиња.

1 мај 2014 - 09:24