Montenegro преку цврста одбрана го совлада Македонски Телеком за влез во F4
Montenegro 4-1 (1-0) Македонски Телеком
Montenegro: Даниел Настевски 2', Јорданчо Јакимоски 31', Ивица Јанковски 34', Горан Новакоски 39'
Македонски Телеком: Душко Симоновски 33'
И двете екипи исклучително мотивирано влегоа во овој натпревар знаејќи го фактот дека нема поправен испит. Екипата на Montenegro уште на самиот старт постигна гол, што во вакви натпревари е многу значајно за подигање на самодовербата. Екипата на Македонски Телеком се обидуваше да ја анулира оваа предност, но во тоа не успеа, па на полувремето се отиде со 1-0. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком влезе доста поофанзивно и имаше неколку сериозни закани кон голот на Montenegro кои не успеа да ги претвори во гол, за да по само неколку минути човекот кој имаше одлични интервенции на голот на Montenegro - Јорданчо Јакимоски постигне и гол во 31' за водство од 2-0. Македонски Телеком во 33' постигна гол за резултатски приклучок, но расположениот Montenegro не дозволи пресрт и се избори за F4 фазата. Краен резултат 4-1.
ЈСП преку контранапади до победа над Гранит
ЈСП 8-2 (4-2) Гранит
ЈСП: Давор Калиновски 2', 34', Љупчо Павловиќ 15', Ивица Арсенов 19', 20', Ајдин Бекировски 31', 35', Сашо Ѓорѓиев 40'
Гранит: Далибор Велковски 10', Дарко Стојановски 12'
Натпреварот го отвори Давор Калиновски од ЈСП уште во 1' од натпреварот, што на ЈСП му даде ветар во грб. На средината на второто полувреме Гранит заигра во вистински ритам и со два гола во низа ја прекина серијата на ЈСП и дојде до водство од 1-2. Но набрзо ЈСП се врати во натпреварот и го израмни резултатот. ЈСП до крајот на полувремето играше доста офанзивно со многу удари кон голот на Гранит, два од нив претвори во гол за водство на полувремето од 4-2. Во второто полувреме се играше нешто позатворен фудбал во споредба со првото полувреме. Екипата на ЈСП преку контранапади успеа да го зголеми водството кое го одржуваше се до самиот крај на натпреварот од 8-2.