Мадридско финале во Лисабон

Диего Симеоне продолжува да ги шокира европските гиганти. По елиминацијата на Барселона, фудбалерите на Атлетико Мадрид го декласираа и тимот на Мурињо среде Лондон со 3:1, а тоа им носи голема шпанска битка во финалниот меч на 24 мај.

Челси - Атлетико Мадрид 1:3 (1:1)
Торес 36 - Адриан 44, Коста 61, Туран 72 

Атлетико Мадрид продолжува да ја следи традицијата која вели дека последните четири екипи кои ја елиминирале Барселона потоа успевале да ја освојат Лигата на шампионите. За тоа ќе имаат многу тешка задача против градскиот ривал Реал Мадрид со кој ќе се сретнат во финалето.

Натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ почна добро за домаќините кои со голот на Торес во 36 минута го отворија резултатот. За уште понеизвесни втори 45 минути се погрижи Адриан кој го израмни резултатот на една минута до паузата.

Мурињо мораше да нападне во второто полувреме и реши да го стави Самуел Ето во игра, но тој направи прекршок во противничкиот шеснаесетник, а тоа го казни Диего Коста во 61 минута од пенал. Челси веќе беше шокиран, а тоа го искористи Туран кој ги постави конечните 1:3.::

 

30 април 2014 - 22:40