Offside

Најголемите европски атлетски ѕвезди се во Бирмингем каде од 10-ти до 16-ти август ќе се борат за вредните одличја во година кога нема Олимписки игри и ќе ја отворат натпреварувачката сезона на отворено. Ивановски единствен Македонец.

Фемили Аеродром и Сити Парк Бојс го обоија Скопје

Сјајот на големото градско дерби кое ќе го гледаме годинава во македонската кошарка, го најавија двете навивачки групи кои деновиве се натпреваруваат кој ќе направи повпечатлив графит. Навивачите на МЗТ ја потенцираа препознатливата боја на клубот, а оние на Работнички се инспирираа од скеч на К-15.

Предизвик за Балотели

Во дерби натпреварот од полското првенство, меѓу Легија Варшава и Лех Познан (2-2), Бразилецот Доса Жуниор му направи бицепс-предизвик на Супер Марио, кој е познат по ваквите прослави на гол. 

Металург со пораз ја почна европската одисеја

Актуелниот македонски шампион не успеа да го повтори ланскиот подвиг против силниот ПСЖ кој беше подобар противник и заслужено стигна до победа во првото коло од ракометната Лига на шампиони.

Срушен светскиот рекорд во маратонско трчање

На денешниот атлетски митинг во Берлин, Кениецот Денис Кимето со најбрзо време мина низ целта и постави нов рекод. Кимето славеше и на претходните митинзи во Токио и Бостон.

На Ноер му е досадно во шеснаесетник

На вчерашниот дуел против Келн, чуварот на голот на Баварците напаѓаше заедно со неговите играчи. Тоа е всушност тактика на Гвардиола кој му наложил да биде на центарот од теренот додека сите други се во напад.

Металург – ПСЖ во 19:00

Богатата неделна спортска програма го нуди првиот настап на македонскиот шампион и уште два меча од ракометната Лига на шампиони, како и многу фудбалски натпревари меѓу кои една средба од македонското првенство.

Прослава на погрешната страна на стадионот

На еден навивач во американскиот фудбал навистина му беше сеедно што се наоѓа на преполната противничка трибина, каде го прослави тач-даунот на својата екипа.

Вардар триумфално во Целје за прва победа во ЛШ

Потешко од очекувањата ,„црвено-црните“ со гостинска победа против Целје ПЛ ја отворија новата сезона од Лигата на шампионите. Арпад Штербик со 21 одбрана е најзаслужен за триумфот на нашиот вицепрвак.

Целjе – Вардар во 20:30

Од спорт на ТВ за денес ви го препорачуваме првиот настап на нашиот вицешампион во ракометната Лига на шампиони и еден куп фудбалски натгпревари од најсилните лиги во Европа, меѓу кои има и дерби мечеви.

Барселона и Јувентус ја немаат извадено топката од гол

Голманите и одбраните на овие две екипи можат најмногу да се гордеат, затоа што тие се единствените во конкуренција на најсилните пет лиги во Европа без примен гол оваа сезона.

ФИФА ги отстранува сомнителните “агенти“ на фудбалерите

Одлуката за забрана на трета сопственост врз играчите се смета за политичка победа на УЕФА и Платини кои барале од ФИФА да реагираат по ова прашање.

Неверување и казна

Глумење во напад е кога Инзаги ќе ти падне во шеснаесетник, глумење во одбрана е кога напаѓачот ќе го издигаш на клоци па нема да ти се верува што судијата не сака очи да ти види на терен.

Катастрофалниот почеток за Наполи со Бенитез

Стартот на сезоната ги потсеќа Наполитанците на оној со Роберто Донадони од 2009/10-та. Само 4 бода и 11 примени гола на 7 натпревари му ја тресат клупата на Рафаел Бенитез.

Најскапата карта за Ел Класико колку наша просечна плата

Кралевите ги објавија цените за големото дерби кое е закажано за 25 октомври.

Валенсија учел за Вест Хем од „Грин Стрит хулиганс“

Еквадорскиот напаѓач во премиерлигашот дојде од мексиканскиот тим Пачука, а за агресивните навивачи на „чеканите" дознал од познатиот филм.

Две топ 10-ки од Мундијалот во Шпанија

ФИБА направи две топ листи од Светското првенство во кошарка. На првата ќе може да се потсетите на најдобрите забивања каде на прво место е Србинот Никола Калиниќ, додека за најатрактивен поен е прогласен шутот за три поени на Турчинот Емир Прелиџ.

Сините го возат последниот круг

Мурињо парично ги казнува играчите за доцнење на тренинг, по што Диего Коста реши да ја превземе работата во свои раце, а Куртоа, Чех, Дрогба и Фелипе Луиз се возеа како компири.

Јапонецот кој го користи фудбалот како пасош за да го шета светот

Дан Ито никогаш не се врзува емотивно за еден клуб и ниту бара висока плата. Неговата цел е преку фудбалот да запознае различни култури, а омилен таргет му се земјите во Азија.

Берлускони купот без Јувентус

Натпреварот за трофејот „Луиџи Берлускони" се игра од 1991-та година на стадионот „Сан Сиро" во Милано, во чест на таткото на Силвио Берлускони.

Спортинг Лисабон - Порто од 21:30

Покрај португалското „Гранде класико“, од денешната спортска понуда ви ги издвојуваме и натпреварите од кошаркарскиот Супер куп на Шпанија, како и прегледот на фудбалските случувања ширум Европа во текот на неделава.

Почнува 5-та сезона на Бизнис лига

На 6-ти октомври (понеделник) со почеток во 19:00 во малата сала на „Борис Трајковски" ќе биде официјалниот старт на новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија.

Емисија за Металург во ЛШ

ЕХФ во првото коло за дерби меч ја прогласи пресметката помеѓу Металург и ПСЖ кои се среќаваат в недела во салата „Борис Трајковски“. За амбициите, шансите и прогнозите на клубот од Автокоманда во новата сезона, зборуваат Лино Червар и неговите пулени.