Точно 396 клубови од 57 национални фудбалски федерации добија пари од ФИФА за настапот на нивните играчи на Светското првенство во Бразил, а целосната сума која ја исплати светската куќа на фудбалот изнесува 70 милиони долари.
За еден играч дневно се плаќаше по 2.800 долари, а со оглед на тоа што Германија играше до крај, најмногу пари од овој вид на компензација доби Баерн Минхен кој за настапите на своите играчи заработи 1,8 милиони долари.
Покрај големата четворка од Англија милионски суми на пари земаа Реал Мадрид, Барселона, Наполи и Јувентус, а најмалку добија Докастер Роверс (7.000 долари), Шефилд Венздеј (6.533) и Ипсвич, Атлетик Билбао и Ел Наср по (6.300).
Сумата за компензација наменета за играчите на претходниот Мундијал во Јужна Африка, ФИФА ја фиксираше на 40 милиони долари, а сличен договор има направено и УЕФА за фудбалерите кои настапуваат на Европските првенства.
За ЕП 2012 во Полска и Украина, Европската куќа на фудбалот издвои 100 милиони евра за 575 клубови, а за следното Европско во Франција 2016-та, сумата ќе ја покачат на 150 милиони евра.