Во првото рангирање од новата година со оглед на тоа што мируваат репрезентативните натпревари нема многу промени во рангирањето на фудбалските селекции.
Македонската фудбалска репрезентација со 327 бода е 101-ва селекција. Едно место над нас е Австралија, а под нас Саудиска Арабија. Од противниците во квалификациите за ЕП 2016-та Белорусија е на 99 место, Луксембург 172-мо, Украина е 25-та, а Словачка на 21 позиција.
Шпанија е стандардно во топ 10, а таму на првата позиција и натаму е светскиот првак Германија. Потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција и Уругвај.
Следниот настап на „Црвено жолтите“ е против Белорусија на 27 март на „Филип Втори“.