Најбрзиот фудбалер на Барселона сезонава е Меси. Најголемата брзина тој ја развил на мечот против Елче кога му измериле дека трчал со 34.47 километри на час.
Најголема конкуренција во спринтови може да му биде Алба кој во првиот дел од сезоната во Примера трчал со најмногу 34.24 км на час. Во најбрзата тројка влегува Жереми Матје со 33.99 км на час. Најбавен е мозокот од средниот ред, Чави кој трчал максимални 29.5 км на час на средбата против Гетафе.
На втората листа повторно е застапен левиот бек на Барселона кој е највреден со 150 истрчани километри од стартот на сезоната во шпанското првенство па до сега. Алба во просек трча по 11,6 км по натпревар, а Меси со 8 км на еден меч. Коке од Атлетико Мадрид има најмногу истрчани 176 километри во првиот дел од сезоната во Ла Лига.