Најголемата брзина во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата е измерена на мечот Њукасл – Лестер 1:0 одигран во октомври, а најбрзиот е Муса Сисоко кој развил максимални 35,3 километри на час.
25 годишниот Французин за кој се интересираше ПСЖ е само малку побрз од Вилфрид Заха од Кристал Палас кој на средбата против Стоук одиграна во декември истрчал со 35,2 км на час.
На третата позиција со заостанување од само 0,1 км на час се Стјуард Даунинг од Вест Хем и Марсин Василевски од Лестер.
Кај Арсенал најбрз сезонава се покажал Алексис Санчез, во тимот на Мурињо тоа е Диего Коста, кај Манчестер Сити, Серхио Агуеро, а на „Олд Трафорд“ најбрз е бекот Лука Шо.
Во досегашните 20 кола, највредниот играч во Премиер лигата е Стивен Н`Зонзи со минати 227 километри. Французинот кој е клучен играч од средниот ред на Стоук ги одигра сите минути за тимот кој сезонава успеа да ги победи Манчестер Сити и Арсенал.
Втор во оваа конкуренција е Фабрегас кој во дресот на Челси сезонава мина 225,3 км, а имаше и 14 асистенции. Трет е Кристијан Ериксен од Тотенхем кој истрчал 222 км, а изненадува фактот што кај Манчестер Јунајтед во само 13 кола најмногу истрчал Робин Ван Перси.
Во таборот на Арсенал најмногу трча Фламини, во Манчестер Сити, Туре, а најмногу поминати километри кај Евертон има Герет Бери кој во февруари ќе наполни 34 години.