По терористичките напади во парискиот сатиричен магазин, француската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари во првенството и купот викендов ќе почнат со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите. Вчера се молчеше на дуелот Лил - Евијан, а веднаш потоа загрме и Марселеза, француската химна.