Зошто е лесно да се победи Арсенал

Топџиите во Премиер лигата ја имаат деветтата најдобра одбрана според примени голови, а главниот проблем не е слабата одбрана, туку раштиманиот среден ред каде недостасува цврстина.

По 20 одиграни голови, Арсенал прими 25 голови, а подобро од нив се бранат Астон Вила, Стоук, Свонси и Вест Хем, екипи со помали амбиции од тимот на Арсен Венгер.

Фудбалерите на Арсенал во напад се помалку ефикасни само од Челси и Манчестер Сити, и заедно со Манчестер Јунајтед и Саутемптон со постигнати 34 голови го имаат вториот најефикасен напад сезонава.

Дупките во одбраната им донесоа четири натпревари кои завршија 2:2, против Евертон, Манчестер Сити, Хул и Луверпул, а од Стоук загубија со 3:2.

Од вината за големиот број на примени голови не може да избега никој. На пример на дуелот против Саутемптон кој на 1 јануари го загубија со 2:0, Војчех Шченсни направи неколку грешки, а одбранбените фудбалери често беа заспани.

Но големиот проблем според анализата на fourfourtwo.com е недостатокот на помош од играчите од средниот ред. Пример за тоа е средбата против Ливерпул пред Божик која заврши 2:2. Тоа беше чуден меч на кој Арсенал доминираше, но сепак не успеа на крај да се справи со формацијата 3-4-2-1 која ја наметна Брендан Роџерс, а посебно имаше проблеми како да ги спречи Лалана и Кутињо.

На тој меч кај Топџиите во формација 4-3-3 највреден беше Фламини, но неговиот учинок беше доста сиромашен, односно еден неуспешен лизгачки старт и два фаули.

Најсветла точка во средниот ред на Арсенал е Микел Артера, кој многу интелигентно се поставува и ги прекинува опасните акции на противниците. Фламини ги нема истите карактеристики и квалитети во дефанзивните задачи од средината. Разликата меѓу нив е голема и тоа не помага во кохезијата на Арсенал.

Шпанецот во последните неколку сезони беше и потценет, а добиваше и различни задачи во средината од теренот, но најдобро се приспособи длабоко во средниот ред како последен играч.

Најдобар пример за значењето на овој играч е дуелот против Андерлехт во Лигата на шампионите. Арсенал имаше водство од 3:0, но кога Артера им сигнализираше на клупата дека е повреден, неговиот тим прими гол, а откако излезе Андерлехт стигна до 3:3.

Неговиот настап во првото коло против Кристал Палас беше одличен не само затоа што имаше 100% успешност во средниот ред, туку и затоа што знаеше и предвреме да реагира и да пресече топка.

Доста познат проблем за тимот од Емирати се повредите. Дани Велбек не може достојно да го замени Тео Волкот, како на пример Казорла што го пополни местото на Озил.

За Артера очигледно дека нема адекватна замена. Фламини и Францис Коклин ги немаат истите карактеристики, а Рамзи и Вилшер повеќе се грижат за нападот. Враќањето на искусниот Шпанец кој не се очекува да закрепне во наредните неколку недели е неопходно за Арсенал.

9 јануари 2015 - 16:25