Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Копачките за кои се борат Роналдо и Меси

Роналдо има 37, а Меси 33 голови во шпанското првенство. Најк го промовираше најновиот дизајн на „Златната копачка“, признание кое му припаѓа на најдобриот стрелец во Европа за сезоната.

Бразилецот кој ја сруши физиката

Гералдо Дутра Переира настапуваше во Мексико, Катар, Бразил, а ги носеше и дресовите на Порто и ПСЖ. Повредата го натера да се повлече од фудбалот на 30 години во 93-та, а кој знае уште што друго ќе оставеше во наследство ако играше и во најзрелите години. 

Македонија настрада место Црна Гора

Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни Црногорците за инцидентот на квалификацискиот меч против Русија на кој голманот беше погоден со факел од страна на навивачите, но медиумите ја утнаа работата.

Ѓуровски: Ни со Мурињо и Анчелоти не правиме ништо

Два дена по отказот на Бошко Ѓуровски кој ФФМ му го врачи на последната седница на управниот одбор, довчерашниот селектор на Македонија се јави со реакција.

Стефан Димовски клучен за победата на Алкалоид над Монтенегро

Во последниот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил со 16 голови го потопи голот на Борис Трајковски, АрцелорМитал славеше над ОНЕ.

Лазаров: Да имаме историска сабота со црвено-црното семејство

Ракометарите на РК Вардар за два дена во Јане Сандански го играат првиот четвртфинален меч против силниот Кјелце, а капитенот Филип Лазаров истовремено посакува успех и за женскиот состав кој два и пол часа претходно го игра реваншот против Ѓер.

Имитација на линискиот судија во Романија

Не се први, ниту последни што го имитираа линискиот судија, но се прилично оригинални. Како први така други на мечот Конкордија - Брашов во романскиот фудбал.

Лацио ги изеде наполитанките и славеше до сабајле

По Јувентус, пласман во големото финале на италијанскиот куп обезбеди и Лацио, откако синоќа со голот на херојот Лулиќ го скроти Наполи на Сан Паоло. Поради забрана немаше лацијали во Неапол, но затоа 3.000 навивачи го чекаа тимот до 2 по полноќ во спортскиот центар Формело.

Хет трик и 100. гол на Ибракадабра за финале

Барселона славеше 4:0 против Алмерија, но Каталонците нема мирно да спијат по синоќешниот настап на Ибрахимовиќ во францускиот куп. ПСЖ славеше 4:1 против Сент Ејтен и се пласираше во финалето. Ибрахимовиќ го даде 100-от гол во парискиот дрес.

Атланта победи, Антиќ и Сефолоша не играа

И покрај непријатните настани со двајцата кошаркари, Јастребите го пребродија гостувањето во Њујорк, каде славеа против Бруклин Нетс 114:111. Дерик Роуз успешно се врати на теренот по неколку месечна пауза.

Дарежливиот фудбалер на Ипсвич објави чат со мајка му

Се мислевме дали да го сместиме во рубриката Офсајд лик, заради тоа што за приватни работи се фали по социјални мрежи, но сепак делата на младичот се на место, а за тоа доби пофалби и на БиБиСи.

Видео од повредениот кошаркар на Индијана

Снимката е направена непосредно по инцидентот додека избодените Крис Коупленд од Индијата и неговата сопруга чекаат брза помош. Во ноќниот клуб во Њујорк беше и Антиќ со соиграчот Сефолоша кои беа приведени заради давање отпор на полицијата.

Внимавајте на Атлетико Мадрид од аут

Јорганџиите се опасни од корнери и слободни удари, но за Диего Симеоне не се тоа единствени опции за да се стигне до гол од прекин,

Новицки не е црнец, ама може да им парира

На дуелот меѓу Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс, Шон Ливингстон и Дирк Новицки беа во дуел, кога Ливингстон наеднаш тргна по топката и го закачи Германецот по незгодно место. Новицки подоцна изјави: „Разговарав со Ливингстон и ми кажа дека сум бил добро надарен за белец“.

Младата ѕвезда на Реал почна да изводи

Норвешкиот тинејџер доби посебен третман на Бернабеу и сега не може да поднесе ниту да седи на клупа.

Антиќ приведен во Њујорк

Тројца НБА кошаркари, меѓу кои и Перо Антиќ се уапсени по тепачка во ноќниот клуб 1 ОАК во Њујорк рано утринава, објавува Њујорк Дејли Њуз.

Фудбалерите кои не го оправдаа презимето

Некои играчи го носеа товарот од славата на нивните браќа и татковци, но не се прославија во тоа. Од Жорди Кројф до Хуго Марадона, десет фудбалери докажаа дека во фудбалот не важи она „крвта не е вода“.

Бомба на денот

Абдон Рејес има 33 години, а висок е 165см, 4 сантиметри понизок од Меси. На меч од Копа Либертадорес, набиениот Боливиец ја прими на негова половина од голманот и потоа не му требаше помош во контрата.

Спарси го минаа легендарното трио на Бостон

Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили го срушија рекордот стар 23 години на Лери Бирд, Кевин Мекхејл и Роберт Периш кои до држеа до ова утро.

Сонуваат пехар за да не мислат на војна

Младинците на Шахтјор Доњецк во петок ќе играат на Фајнал фор на младинската Лига на шампиони против Андерлехт. Тренираат и играат далеку од градот кој со месеци е воена зона во Украина и веруваат дека можат барем за кратко да ги израдуваат сограѓаните.

Еуролинк убедлив во дуелот со Гранит

Шпаркасе и Еуролинк беа расложените за голови во вториот ден од Бизнис лигата на Македонија во кој постигнаа по 12 голови.

Масимо Морати сака да се врати во Интер

Човекот кој 18 години беше претседател на Интер пред година и пол го продаде клубот на Сингапурецот Ерик Тохир, а сега сака да се врати кај својот миленик кој сè повеќе тоне.

Како се вика дриблингов?

Во претходното коло од Примеира, Бенфика го совлада Национал 3:1, во натпревар на кој потегот на мечот го имаше Салвио. Во фудбалските учебници уште нема израз за овој дриблинг.

Перо Антиќ и Атланта Хокс до нов рекорд

Вечерта во НБА ја одбележи вториот пораз по ред на Голден Стејт, триумфот на Сан Антонио, како и градското дерби кое му припадна на Л.А. Клиперс. Расел Вестбрук ја губи трката за најдобар стрелец со Џејмс Харден.