Еуролинк убедлив во дуелот со Гранит

Шпаркасе и Еуролинк беа расложените за голови во вториот ден од Бизнис лигата на Македонија во кој постигнаа по 12 голови.

Еуролинк убедлив во дуелот со Гранит

Еуролинк 12-6 (7-3) Гранит
Еуролинк: Дарко Кадински 6’, 7’, 10’, 24’, 40’ Ивица Стефковски 10’, 11’, 16’, 20’, 32’, 36’, Јорданчо Димиџиевски 39’
Гранит: Стеван Митревски 1’, 20’, 35’, Дарко Стојановски 3’, Зоран Спасовски 31’, Кире Атанасовски 33’
Апсолутна доминација во првото полувреме имаше екипата на Еуролинк која го надигра Гранит, пред се во делот на нападот каде преку одлично поставен напад стигаше до перфектна реализација. Во второто полувреме Гранит во одреден момент се врати во натпреварот, пред се поради недоволната концентрација на Еуролинк, но не за долго. Еуролинк ги консолидира своите редови и издвојува убедлива победа од 12-6.
 
Доминос Пица 0-3 (сл.) ЕЛЕМ
 
Шпаркасе доминантен во дуелот со Контрола на летање

Контрола на летање 3-12 (0-5) Шпаркасе
Контрола на летање: Бранко Георгиевски 26’, 28’, Зоран Гавриловски 39’ 
Шпаркасе: Стојанчо Јосифоски 4’, 11’, 34’, 39’, Филип Чижбановски 8’, 14’, 22’, 23’, 39’, 36’, Љубомир Таневски 19’, Зоран Канчевски 29’
Апсолутна доминација на екипата на Шпаркасе во текот на целиот натпревар, не му дадоа на Контрола на летање да се разигра и ја држеа во целост играта под контрола. Контрола на летање не се снајде во овој натпревар, играа доста летаргично, не можеа да фатат вистински ритам, па го загуби натпреварот со 3-12.
8 април 2015 - 10:46