За во Шпанија да се биде пред Реал Мадрид и Барселона, мора секогаш да се биде чекор понапред во тактиката. Тоа најдобро го знае Симеоне кој лани заслужено ги стави во сенка двата гиганти и ја прослави шампионската титула.
Атлетико на тренинг изработи нова шема на изведување аути кои неодамна му донесоа резултат. Аргентинскиот иноватор улогата им ја даде на Саул, Хезус Гамез и Хозе Хименез.
Тој што го изведува аутот треба да уфрли што повисока топката во шеснаесетник и да му ја намести на глава на соиграчот свртен накај голот со грб. Следниот чекор е овој веднаш да реагира на прва, а целата акција од позадина да ја прати потенцијалнот егзекутор на акцијата.
Ова на Атлетико им успеа против Кордоба изминатиот викенд кога во 39 минута ги поставија конечните 0:2. И покрај тоа што Гамез е десен бек, тој се префрли на лево бидејќи неговата задача беше да уфрли балон топка, која преку Хименез ќе заврши на глава кај Саул.
Статистиката покажува дека Атлетико сезонава постигнал 25 голови од прекин два повеќе отколку од игра и дури 12 повеќе од Реал и Барса од прекин.