Со мечот против Оклахома кој го добија со 113:88, главните адути на Сан Антонио Спарс стигнаа до бројка од 730 натпревари кои ги изиграа заедно во НБА лигата за црно белиот дрес, а тоа е еден повеќе од славното трио на Селтикси.
Што се однесува до победите Бирд и другарите и натаму водат со 540, но Спарси се блиску до преземање и на тој примат бидејќи им фалат само четири победи. Данкан, Паркер и Џинобили имаат повеќе победи и од уште едно легендарно трио од 80-те, а тоа се Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон и Мајкл Купер.
Триото предводено од Грег Поповиќ освои четири шампионски титули и има една повеќе од тројцата кошаркари на Бостон. Прстените ги наредија во 2003, 2005, 2007 и 2014 година. Најголем стаж има 38 годишниот Данкан кој го носи дресот на Спарси од 1997-ма.