Атланта победи, Антиќ и Сефолоша не играа

И покрај непријатните настани со двајцата кошаркари, Јастребите го пребродија гостувањето во Њујорк, каде славеа против Бруклин Нетс 114:111. Дерик Роуз успешно се врати на теренот по неколку месечна пауза.

Освен повредениот Ол-Стар играч Пол Милсап, тренерот на Атланта Мајк Баденхолцер не можеше да сметa ниту на двајцата кошаркари кои имаа проблеми со полицијата во Њујорк.

Бруклин во последната четвртина влезе со 12 поени предност, но тоа не беше проблем за Хокси кои по трет пат сезонава ги совладаа Нетси. Ал Хорфорд постигна 24 поени, а Мајк Скот 20 со осум скокови. ДеМар Керол го заврши мечот со 19 поени и 9 скокови, а Џеф Тиг одигра одлична партија со 15 поени, 12 асистенции и 6 скокови. Брук Лопез со 26 поени и 10 скокови беше најефикасен кај Нетси, кој сега одново ќе мора да се борат со Селтик за седмото место кое води во доигрувањето.

„Не го загубивме вниманието по приведувањето на колегите. Фокусот ни беше на овој натпревар и на противникот. Излеговме на паркет и бевме спремни“, изјави Ал Хорфорд после мечот.

Во меѓувреме, Антиќ и Сефолоша се извинија на јавноста за лошиот публицитет кои го оставија по вчерашните неприлики и во заедничко соопштение изјавија дека ќе направат сè да докажат дека не се виновни.

Хајлајтс од натпреварот:

Антиќ и Сефолоша со лисици:

 

Шампионот Сан Антонио стигна до деветта победа по рад, овој пат во дербито со Хјустон 104:99. Тони Паркер со 27 поени беше најзаслужен што Спарси сè поблиску до целта, а тоа е второт место на Западот. Французинот имаше голема поддршка во Кавај Ленард кој уфрли 20 поени, Дијао даде 15, а Ману Џинобили 13.
 
Од друга страна, Харден и натаму е водечки стрелец во НБА, синоќа постигна 22 поени. Запазени улоги имаа и Тревор Ариза со 19 и Двајт Хауард со 16 поени и 10 скокови. Сан Антонио и Хјустон повторно ќе играат доцна вечерва, а домаќини ќе бидат Рокетси. Сезонава Спарси имаат 2-1 во победи.
 

Во Западната конференција ќе се води голема битка за плејофот меѓу Њу Орлеанс и Оклахома, посебно после поразот на Пеликанс синоќа од Мемфис 110:74. И двете екипи пред последните четири натпревари од регуларниот дел имаат по 42 победи и 36 порази.

Мемфис доминираше против Њу Орлеанс, а најголемата предност ја достигна во втората четвртина. Гризлис во целост го затворија Ентони Дејвс, кој на крајот имаше само 12 поени и 5 скокови. Најзаслужни за славјето на Мемфис беа центрите Марк Гасол и Зак Рендолф со по 15 поени, а вториов имаше и 13 скокови.

Рик Џеферсон го „залепи на постер“ Брендон Рајт од Феникс:

Двајт Бакс од Лејкерс му ги исчаши зглобовите на Гери Харис од Денвер Нагетс:

Ди Роуз се врати на паркетот после 20 натпревари пауза поради повреда:

Историските поени на првиот Индиец во НБА, Сим Булар од Сакраменто:

ТОП 10 поени на вечерта:

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Бостон 103-113
Шарлот – Торонто 74-92
Орландо – Чикаго 105-103
Филаделфија – Вашингтон 90-119
Бруклин – Атланта 111-114
Њујорк – Индијана 86-102
Мемфис – Њу Орлеанс 110-74
Милвоки – Кливленд 99-104
Сан Антонио – Хјустон 110-98
Денвер – ЛА Лејкерс 119-101
Јута – Сакраменто 103-91
Далас – Феникс 107-104
Портланд – Минесота 116-91