Постои љубов која не завршува: Масимо Морати има план да се врати на чело на Интер. Според Ла Стампа и Газета дело Спорт, Морати скроил план заедно со бизнис партнерите Тронкети Провера и Ернесто Пелегрини одново да го води Интер. Нафтетниот магнат пред 18 години го купи Интер токму од Пелегрини.
Морати веќе се консултирал со правна канцеларија, која треба да го изработи планот според кој навивачите на Интер ќе бидат акционери во клубот. Покрај тоа, поранешниот газда на Интер има идеја во клубот да донесе англо-американски инвеститори.
Според Газета дело Спорт, за сега ова е само идеја која произлегла од притисокот на најблиските пријатели на Морати, кои сакаат да му помогнат на Интер. На крајот треба да се очекува зелено светло од Ерик Тохир, кој не е расположен да го продаде клубот, но мизерните резултати на теренот и во управата го принудуваат на тоа.
Сингапурецот минатото лето за 230 милиони евра го купи Интер, кој остана без Европа и во моментов е деветти на табелата во Серија А. Од кога победата во Серија А носи три бода, Нераѕурите никогаш немале помалку од 40 бодови после 29 кола како сезонава. Деветти на табелата во овој период од сезоната, Интер бил само еднаш во сезоната 1998/1999 кога смени дури 4 тренери.