Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Непристојниот Хамилтон во конфликт со Розберг и хостесата

Проблематичниот однос од минатата сезона, пилотите на Мерцедес го продолжија и по трката за ГН на Кина. По триумфот во Кина, Хамилтон ја испрска хостесата со шампањ па сега го критикуваат од сите страни.

Одложете го мечот или ќе ви играме со седум младинци

Челниците на прволигашки клуб од Боливија беа толку убедени дека треба да протестираат и по цена што загубија натпревар кој заврши за 13 минути.

Поубавата страна на навивачките трибини

Навивачките сектори по трибините ширум светот не се гнездо на криминалци, хулигани, насилници, наркомани и пијаници. Секоја трибина има и своја поубава страна.

Аргентинска супер бабичка

Страста кон фудбалот во јужна Америка е од неверојатни размери, но после ова што го видовме, сигурни сме дека за нејзината љубов кон омилениот клуб само небото е граница.

Атлетико тргнува по одмазда, Јувентус по славните денови

11 месеци по големото финале во Лисабон, мадридските ривали повторно ќе се сретнат во Лигата на шампионите. Вечерва е првиот дуел на Висенте Калдерон, а во исто време во Торино ќе војуваат Јуве и Монако.

Будуќност - расадник на талентирани и груби ракометарки

Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.

ЖРК Вардар доби репризно полуфинале

Македонскиот ракометен шампион го доби најтешкиот противник на денешното извлекување во Будимпешта. За пласман во финале во Лига на шампиони ќе се бори против Будуќност со кој се сретна и лани на Ф4.

Разликата меѓу Мојс и Ван Гал

Манчестер Јунајтед не е повеќе екипа која не можевме да ја најдеме на табела во зоната од каде се патува низ Европа. Тоа најдобро го сетија нивните конкуренти.

Минхенската несреќа предмет на потсмев во Манчестер

„Навивачите“ на Манчестер Сити неретко знаат да претераат, а некои од нив отидоа до таму што се исмеваа со авионската несреќа во Минхен, кога загинаа 23 патници меѓу кои 8 членови на нивниот ривал Манчестер Јунајтед. И тоа пред Олд Трафорд.

Јувентус се потсети кога го збриша Монако

На клупа Липи, во ложа моќните браќа Ањели, а на терен Перуци, Давидс, Дешамп, Изнаги, Такинарди, Јулијано, Песото...На полуфиналето од ЛШ во 1998 Јувентус го елиминираше Монако, откако на домашен терен обезбеди високи 4:1. Шоуто на Деле Алпи во изведба на хет-трикот на Деј Пјеро и голот на Зидан. 

Ди Роуз ќе игра плејоф после три години, Антиќ не настапи

Клеј Томпсон го предводеше Голден Стејт до нов сезонски триумф, а Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок потврди дека игра во одлична форма. Атланта загуби од Њујорк Никс.

На Никола му легна од 40 метри

Растеретен од тоа дека некој го гледа на тв или ќе го седне на клупа ако ја рогне на брдо, играч од четврта австриска лига по име Стар Никола ја прими и потоа си го направи меракот.

Антиќ: Некои медиуми имаат омраза спрема мене

Перо Антиќ го одигра и вториот натпревар по апсењето во Њујорк, а по средбата со Вашингтон во изјава за Гласот на Америка ги искритикува македонските медиуми за кои смета дека не известувале точно за инцидентот.

Орландо и Њујорк одиграа аматерска четвртина

Кошаркарите на Орландо и Њујорк имаа втора четвртина која не се памети во НБА лигата, откако шутираа ужасно и погодија вкупно 15 поени (8:7). Од поле имаа само 6 прецизни обиди од вкупно 39.

Вардар со -2 ќе брка фанјлфор во Полска

Македонскиот вицешампион не успеа да го добие силниот Кјелце на првата четвртфинална пресметка во Јане Сандански. Пољаците покажаа зошто се единствената екипа без ниту еден пораз во групната фаза од Лигата на шампионите.

Црвено црна треска пред Јане Сандански

ЖРК Вардар втора година по ред стигнува до посакуваниот Ф4 во Будимпешта, а нивниот успех на големо се следеше пред салата салата Јане Сандански. Четвртфиналниот дуел во Унгарија е само прво полувреме за навивачите на Вардар, кои продолжуваат со ракометната еуфорија и се селат внатре за дуелот РК Вардар - Кјелце на кој мажите ќе бркаат историја.

Демонстрација на сила во Ѓер за пласман на фајнал фор

По убедливиот триумф во Скопје, ракометарките на Вардар ремизираа во Ѓер 27-27 и втора година по ред ќе бидат дел од ракометниот крем.

Не навивај за САС во Хјустон, ќе добиеш торта во лице

Ривалството меѓу Хјустон и Сан Антонио важи за едно од најголемите во НБА лигата. До толку големо што маскотата на Ракетите се реши да му залепи торта во лице на еден од малубројните „Мамузи“ во Тојота Центарот.

Поентерско шоу на Галинари во Денвер, Антиќ настапи по инцидентот

Кошаркарите на Атланта Хокс поставија нов клупски рекорд, откако синоќа го совладаа Шарлот Хорнетс 104:80. По инцидентот во средата, Антиќ заигра и даде 5 поени. Денвер и Далас Маверикс уфрлија вкупно 288 поени, најмногу во последниве 3 години во НБА.

Антиќ: Не сме виновни и не видовме што му се случи на Коупленд

По ослободувањето од притвор без кауција, Перо Антиќ даде објаснување во врска со инцидентот во ноќниот клуб во Њујорк, како и апсењето на кое се гледа дека отпор на полицијата и дава само неговиот колега Табо Сефолоша.

Најзабавните 5 моменти во НБА

Фризурата на Џејмс Џонсон од Торонто ала Денис Родман и фаулот врз Новицки на срамното место влегоа во листата на најинтересни моменти кои се случија изминатава недела во НБА.

Кари изброи 276 тројки, Мајами се оддалечува од плеј оф

Кандидатот за МВП на сезоната пред две сезони погоди 272 тројки, а синоќа против Портланд погоди осум и постигна нов НБА рекорд по број на три поени во една сезона. На вториот меч Чикаго му го нанесе на Мајами 44. пораз оваа сезона, каде најдобар беше Пол Гасол со дабл дабл учинок. 

Скудетото на Наполи од 100 лири

1990 година потсетува на Мундијалот во Италија, на Серија А во која играа најдобрите. Од Марадона, Ван Бастен, Матеус, Баџо, Клинсман па се до Гулит и Рајкард. Година во која Италијанците освоија три европски купови, но доделија и Скудето за кое Ариго Саки уште се буни дека е спорно.