
Клеј Томпсон уфрли 42 поени, од кои дури 26 во една четвртина, по што Голден Стејт го победи Мемфис Гризлис 111-107. Покрај Ол-Старот Томпсон, единствен двоцифрен беше Стефон Кари со 15 поени. Кај Мемфис, Џордан Адамс постигна 19 поени.
26 поени на Томпсон за 10 минути:
Атланта доби повик да се разбуди пред плејофот, откако синоќа загуби од Њујорк Никс 112:108. Рукиот Ленгстон Галовеј постигна рекордни за него 26 поени, со 6 од 6 за три поени за вториот најлош тим во НБА сезонава. Тим Хардавеј Џуниор додаде 23 поени за Никси, а Џејсон Смит 20. Кај Хокси, Кајл Корвер и Џеф Тиг беа најефикасени со по 19 поени. Антиќ не настапи поради настинка.
Леброн Џејмс и Џеј Ар Смит речиси сами го победија Детроит Пистонс, затоа што „Кралот“ го заврши мечот со 21 поен, 10 скокови и 11 асистенции, а Џеј Ар Смит беше најефиакасен со 28 поени. Тимофеј Мозгов додаде 16 поени и 13 скокови. Во редовите на Детроит, Андре Драмонд постигна 20 поени и девет скокови.
Трипл-даблот на Леброн Џејмс:
Момент на вечерта и Ендрју Вигинс:
Забивањето на ДеАндре Џордан:
ТОП 10 потези на вечерта:
НБА резултати:
Шарлот - Хјустон 90:100
Кливленд - Детроит 109:97
Филаделфија - Милвоки 97:107
Атланта - Њујорк 108:112
Бруклин - Чикаго 86:113
Мајами - Орландо 100:93
Минесота - Њу Орлеанс 88:100
Оклахома Сити - Портланд 101:90
Јута - Далас 109:92
Сакраменто - ЛА Лејкерс 102:92
Голден Стејт - Мемфис 111:107
ЛА Клиперс - Денвер 110:103