Универзитарио де Сукре викендов побара одложување на првенствен натпревар против Боливар со образложение дека во вторник ги чека важен натпревар во Копа Лобертадорес.
Фудбалската федерација на Боливија го одби нивното барање, но тие најдоа начин како да го поштедат цел прв тим. На дуелот против лидерот на табелата во домашното првенство се појавија само со седум играчи и тоа од младинскиот тим, а тоа е потребниот минимум со кој според правилата на ФИФА може да се игра.
По седум минути Универзитарио губеше со 2:0, а од евентуален дебакл младинците се спасија во 13 минута откако им се повреди еден од играчите. Во тој момент останаа со 6 играчи и следејќи ги правилата судијата свирна крај што ќе значи и службени 3:0 за Боливар.
Сениорскиот тим на Универзитарио целосно е фокусиран на нивната животна шанса да ја минат групната фаза на натпреварувањето кое е пандан на Лигата на шампионите.