Што може да ни кажете во врска со инцидентот?
Перо Антиќ: Дадовме соопштение, а постои и видео кое зборува за себе. Единственото нешто што можам да кажам е дека се чувствуваме лошо поради лошиот публицитет што и го донесовме на Хокс, на семејството Хокс, не по наша вина. Само сакам да кажам дека давам поддршка за Табо, за моите соиграчи и сега размислувам само за кошарката и добрите нешта што може да ги направиме.
Мислите дека бевте погрешко уапсени?
Видеото зборува за себе. Тоа е правно прашање. Имаме големи луѓе, кои добро си ја вршат работата. Ние ќе се обидеме да си ја вршиме нашата работа и да направиме што можеме, бидејќи оваа сезона имаме големи цели.
Им се обративме на соиграчите?
Тие ни даваат поддршка. Отидовме и им се извинивме. Дури не можевме и да им помогнеме на мечот во Бруклин, но победија и им честитаме. Најважно е што имаме целосна поддршка од тимот.
Рековте видеото зборува за себе. Не можевме да видиме што се случило претходно. Како се повреди Табо Сефолоша?
За сега, тоа е правно прашање. Јас би рекол дека беше чист пример за да се биде во погрешко место на погрешно време. Табо е еден од најдобрите момци. Некои новинари тука ме знаат. Јас немам ништо (во минатото), затоа како што реков бев во погрешко место на погрешно време.
Се обидувавте ли да ги спречите луѓето кои сакаа да го сликаат Крис Коупленд кој беше прободен?
Да бидам искрен, не. Ние немаме ништо со тоа што се случи и не бевме заедно. Не го видовме него. Што и да се случило, било претходно.
Инаку Сефолоша од полициската станица си замина со бандажиран зглоб на ногата кој го повреди за време на буткањето со полицајците и поради тоа нема да може да настапи до крајот на сезоната. Перо Антиќ додека го апсеа седеше на тротоар
Целото интервју на Антиќ, тука.
Видеото со повредениот Крис Коупленд.