АТЛЕТИКО МАДРИД - РЕАЛ МАДРИД (20:45)
- Двата клуба од шпанската престолнина лани станаа првите екипи од ист град што играле во финале на ЛШ.
- Атлетико остана непоразен на шест натпревари против Реал Мадрид сезонава.
- „Јорганџиите“ го играат седмото четврт-финале во ЛШ и ќе се обидат по петти пат да се пласираат во полуфиналето.
- На 15 средби против шпански тимови, Атлетико Мадрид има 7 победи и 5 порази.
- Избраниците на Диего Симеоне ќе се обидат по петти пат по ред сезонава да слават на домашен терен, откако во групната фаза остварија три победи во Мадрид со гол разлика 10:0.
- До викендов, тимот од Висенте Калдерон не прими гол на пет последователни натпревари. Во саботата ремизираа со Малага на гости 2-2.
- Реал Мадрид игра петти пат по ред во четврт-финале од ЛШ а претходно победуваа на сите натпревари во оваа фаза.
- „Кралевите“ ќе се обидат да станат првиот клуб во историјата што го одбранил освоениот пехар во ЛШ.
- Реал Мадрид победи на 8 од последните 10 средби во сите натпреварувања. Роналдо и друштвото само еднаш не дадоа гол во ЛШ на последните 28 натпревари, кога загубија од Лион 1-0 во сезоната 2009/10.
- Италијанскиот шампион не играл полуфинале во ЛШ од сезоната 2002/2003, а Монако последен пат играше година дена подоцна во полуфиналето.
- Јуве и Монако играа во полуфиналето на ЛШ во 1997/1998, кога Јувентус славеше со вкупен резултат 6-4. Под водство на Марчело Липи тогаш Јуве победи во Торино 4-1 на Деле Алпи со хет-трикот на Алекс Дел Пиеро.
- Јуве нема пораз на 11 натпревари на домашен терен во ЛШ, а сезонава победи на три од четири средби во Торино. Вкупно на последните 16 европски натпревари, Старата Дама има 9 победи 6 нерешени и само 1 пораз.
- Торинскиот тим дури 10 пати се пласирал понатаму кога играл против француска екипа.
- Монако играше во финалето на ЛШ во сезоната 2003/2004, кога загубија од Порто на Мурињо.
- Клубот од Кнежевството победил само еднаш на последните шест средби против екипи од Серија А и тоа во 1991/1992 година против Рома во Купот на Куп победници.
- Монако сезонава славеше на гости против Арсенал и Баер Леверкузен и на четири натпревари на гостински терен прими само два гола.
Можни состави:
Јувентус: Буфон, Барѕаљи, Бонучи, Кијелини, Лихштајнер, Переира, Маркизио, Видал, Евра, Мората, Тевез.
Отсутен: Погба
Неизвесни: Пирло и Барѕаљи.
Монако: Субашиќ, Фабињо, Карваљо, Абденур, Курзава, Тулалан, Кондогбија, Дирар, Мутињо, Мартиал, Бербатов.
Неизвесни: Траоре, Тулалан и Карваљо.