
Вардарки повторно го добија реномираниот противник кој е европски првак од 2012 година и со кој се сретнаа минатата сезона на Фанјлфор и загубија 22:20.
Сезонава ова ќе биде трета пресметка меѓу ЖРК Вардар и Будуќност кој играа во групната фаза. Во Скопје беше нерешено 24:24, а во Подгорица Црногорките беа подобри со 23:17.
Во второто полуфинале од Лигата на шампионите ќе се сретнат Ларвик и Динамо Синара, а Фајналфорот се игра на 9 и 10 мај, во салата „Ласло Пап" во Виена.
Домаќинот и актуелен европски шампион, Ѓер нема да настапи бидејќи во четвртфинале беше елиминиран од Вардар.