Црвените ѓаволи влегоа во одлична форма во период кога секој бод е важен пред крајот на сезоната. Со последниот триумф во градското дерби против Сити на кој му избегаа 4 бодови им претходеа важни победи и против Астон Вила, Ливерпул и Тотенхем.
Во однос на нивните резултати против конкурентите за висок пласман, англичаните направија споредба со лани. Луи Ван Гал сезонава против топ 6 екипите победил 62,2% од тие мечеви, а неговиот претходник Дејвид Мојс мизерни 8,33%.
Според резултатите на Холанѓанецот, Јунајтед под неговото водство има 5 победи од 8 натпревари против конкурентите за излез во Европа, а до крај треба да игра уште против Челси и Арсенал.
Мојс минатата сезона заврши на седмо место и остана без пласман на меѓународна сцена, а во 12-те дуели против истите екипи победил само еднаш.