Offside

Најдобриот фудбалер на Светското првенство 2026 и најдобар играч на светот според изборот на ФИФА за 2025, Шпанецот Родри најверојатно ќе премине во Барселона. Иако долго време го поврзуваа со Реал Мадрид.

УНИКА преку Каштањева до победа над Еуролинк

Првиот ден од 15.коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го отворија Гранит, УНИКА и ТРАНСМЕТ.

Победата на Арсенал во ЛШ донесе рекорд на Типстер

Во Специјалната Супер сингл понуда Типстерите успеаа да заработат рекордни 25.930 кредити само од Топџиите.

УЕФА: Со седмо место нема Европа

Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино изјави дека ако Фиорентина или Наполи ја освои Лигата на Европа, од тоа нема да профитира уште еден италијански клуб кој би се квалификувал на меѓународна сцена.

Повредените играчи најмногу пари однесоа во Европа

Од програмата за заштита на ФИФА најмногу инкасираа англиските клубови кои ќарија 13,1 милиони евра.

Дали е Жиру најдобар напаѓач во Премиер?

Откако Жиру даде два гола против Њукасл, Арсен Венгер го испофали францускиот напаѓач и изјави дека тој е најдобриот центарфор во Премиер лигата. За тоа треба да се провери статистиката, која не го промовира Жиру во најдобар голгетер во лигата

Се бара затворска казна за првите луѓе на Барселона

Обвинителството од Шпанија побара казна затвор од вкупно 9,5 години за двајцата претседатели на каталонскиот клуб за случајот со Нејмар.

Најбрзите црвени картони во Англија

40 секунди откако влезе во игра против Манчестер Јунајтед на полувремето, Стивен Џерард доби директен црвен картон. Капитенот на Ливерпул сепак не е најбрзо поцрвенетиот во Англија, има и побрзи од него.

Французите упорно се против Ибра

Според последната анкета на Ле Паризиен, дури 84% од испитаниците сметаат дека Ибрахимовиќ е арогантен, а 66% се убедени дека Швеѓанецот му штети на ПСЖ. Реакциите следуваа по неговиот гаф минатата недела, после кои Французите не гледаат идол во Ибракадабра.

Навивачите на Реал удрија по колата на Бејл

Резултатот од Ел Класико може да биде клучен меч за решавањето на шампионската титула во Шпанија, а откако Барселона синоќа го доби со 2:1, сега има +4 во однос на ривалите. Навивачите го загубија трпението.

Маминиот син кој е во чекор со Роналдо и Меси

Во време кога ако редовно ја полниш мрежата, скаутите веднаш реагираат и се јавуваат кај надлежните да го одврзат ќесето за трансфер, тешко е да се биде лојален на еден клуб. Но се наоѓаат и такви како Буфон кој не е единствен што и во добро и во зло остана врзан за клубот.

Голман, не можеш против дождот

Во дерби натпреварот со дури 4 црвени картони, Фламенго го совлада Васко Де Гама 2-1. Двата гола за домашните беа дело на Александро, кој за првиот имаше помош од поплавениот терен.

Реал Мадрид верува во распоредот

Гостувањето на Санчез Писхуан против Севиља и домашна средба против Валенсија се најголеми предизвици за Реал до крајот од сезоната во Ла Лига. Од потешките испити, Барса има гостувања против Атлетико Мадрид и Еспањол.

Лос Анџелес се радуваше два пати, Антиќ повторно двоцифрен

По рекордната партија против Оклахома, Перо Антиќ и вчера одигра одличен меч против Сан Антонио Спарс. Како ретко кога сезонава, во иста вечер победи во НБА славеа и Лејкерс и Клиперс.

Осврт на четиринаесеттото коло на Бизнис Лигата

Недела во која во целост се потврди неизвесноста и фактот дека во Бизнис Лигата на Македонија нема фаворити. Се играа натпревари во кои победникот го одлучуваа нијанси, а како и секое коло, така и ова ќе издвоиме индивидуалци кои беа заслужни за постигнатите резултати на своите екипи.

Класично Ел Класико

Со головите на Жереми Матје и Луис Суарез, Барселона го совлада Реал Мадрид 2-1. Единствениот погодок за „Кралевите“ го постигна Кристијано Роналдо и по вчерашниот триумф, Барса сега му бега на Реал 4 бодови. Најинтересните моменти од дербито.

Ѓаволски Енфилд Роуд

Манчестер Јунајтед го совлада Ливерул 2:1 во дербито на Премиер лигата. Двата гола за „Црвените Ѓаволи“ беа дело на Хуан Мата, од кои вториот ефектен. Џерард влезе на полувремето и за само 40 секунди доби црвен картон, а Руни промаши пенал во самиот финиш за поубедлив триумф на Јунајтед.

Матине дебакл во Белград за МЗТ Скопје

Во попладневниот термин, кошаркарите на МЗТ Скопје со тежок пораз од Црвена звезда 89:56 ги завршија натпреварите во Јадранската лига. Избраниците на Пипан останаа да се борат на еден фронт, оној во домашното првенство.

Ливерпул - Манчестер Јунајтед од 14:30 и Ел Класико вo 21:00

Спортската програма денес е во знакот на големите дерби средби на шпанскиот и англискиот фудбал. Покрај нив, на програмата се и нaтпревaрите од останатите европски лиги, како и финале на тенискиот мастер во Индијан Велс и ракометна ЛШ.

Вардар и сè е можно, Висла прегазена со 11 разлика во Скопје

21-ви март 2015 година ќе биде запаметен како еден од најсветлите датуми во македонскиот клупски ракомет. По високиот пораз од шест голови разлика во Полска, Вардар направи неверојатен подвиг во реваншот во Скопје, ја совлада Висла со 31:20 и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Македонија не успеа до посакуваниот бараж за ЕП

На третиот квалификациски меч за Европско првенство во Србија, моќниот шпански состав ја декласираше македонската футсал селекција со 7:1.

Македонија – Шпанија во 18:30 и РК Вардар – Висла Плок во 20:15

Од домашната спортска сцена на тв го имате третиот квалификациски меч на футсал селекцијата на Македонија и реванш осминафиналниот дуел на РК Вардар во Лига на шампиони. Останато е меѓународен фудбал и полуфинален тениски меч.

22 поени за личен рекорд на Перо Антиќ во НБА

Фантастичната вечер во НБА ја одбележаа трите продолженија во Бруклин, деветтиот сезонски трипл-дабл на Расел Вестбрук, како и врвните партии на Перо Антиќ и Никола Миротиќ.

Петмина Типстери кои ќе добијат карти за Македонија – Шпанија

Третата и најтешка квалификациска пресметка на футсал селекцијата на Македонија, нашите репрезентативци ја играат утре во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 18:30. За Типстерите повторно ќе има гратис влезници.