Олд Трафорд ја донел најголемата заработка од приходи за сезоната 2014/2015 во Премиер лигата и таа изнесува 108,1 милиони фунти. Капацитетот на стадионот е 76.635 места што го прави втор стадион во Англија по големина после Вембли. Се планира и зголемување на капацитетот на јужната трибина за уште 15.000 седишта.
Втор по заработка од карти со приход од 100,2 милиони фунти е Емирати. Стадионот на Арсенал беше завршен во 2006 година, а за негова изградба беа потрошени 390 милиони фунти. Неговиот капацитет е 60.432 што го прави за 22.000 поголем од нивниот претходен стадион Хајбери.
Челзи е третиот клуб по заработка со 71 милион фунти во изминатава сезона. Капацитетот на овој стадион е лимитиран и брои 41.798 места, па официјалните лица планираат проширување.
Енфилд Роуд донел заработка од 50,9 милиони фунти. Планираното реновирање на стадионот почна минатата година со што капацитетот на стадионот на Ливерпул ќе се зголеми за 9.000 места.
Манчестер Сити од продадените влезници сезоната ја завршил со заработка од 47,5 милиони фунти. Капацитетот на овој стадион е зголемен за 7.000 места.
Последен на оваа листа е Тотенхем со приход од 44 милиони фунти. Од клубот планираат изградба на нов стадион веднаш до историскиот Вајт Харт Лејн кој ќе биде завршен во сезоната 2018/2019.