Сопственик на клубот од Ла Лига е фондацијата Леванте која има 72% од акциите на клубот, а која во вторникот одлучи со мнозинство гласови да ги отвори преговорите за продажба на клубот.
Леванте е основан во 1910. година, а дури 24 членови од 31 гласаа за продажба на мнозинството акции на клубот кој лани заврши на 14. место во Примера. Инаку управата на Леванте кон средината на јуни изјави дека клубот нема никаква економска ниту спортска потреба да се продава, но сака да направи исчекор во квалитетот.
Леванте во моментов има долг од 28 милиони евра, но тоа не ја загрозува стабилноста на клубот. Деталите и инвестициониот план на америкаснкиот вложувач сè уште не се објавени.
Инаку, милијардерот Роберт Сарвер во јануари сакаше да купи мнозинство од акциите во паднатиот шкотски гигант Глазгов Ренџерс, но управата на Ренџерите ја одби понудата од 20 милиони фунти со образложение дека повеќето акционери ја одбиле таквата идеја.
Тоа беше втор обид на 52-годишниот американски банкар да го купи Глазгов Ренџер, откако првиот пат во октомви лани понуди 18 милиони фунти, што раководството на клубот го оцени како недоволно.
Во последните неколку години, откако изби финансиската криза во Шпанија, азиските и арапските богаташи купија акции во неколку шпански прволигаши како што се Малага, Атлетико Мадрид и Валенсија. Тимот од Местаља лани доби сопственик од Сигнапур, Петер Слим кој сака Валенсија да им го земе приматот на Реал и Барса во шпанскиот фудбал. „Лилјаците“ завршија четврти во Примера и ќе играат во плејофот за ЛШ.