По одличната сезона на Универзитетот Кентаки, Карл-Ентони Таунс не чекаше многу до четвртокот кога Минесота Тимбервулвс го одбра за прв пик на драфтот.
На тој начин Универзитетот Кентаки стана првиот во историјата што три пати дал прв пик на драфтот (од 1966). Пред Карл-Ентони Таунс, од Кентаки дојдоа Џон Вол во Вашингтон Визардс и Ентони Дејвис во Њу Орлеанс Пеликанс. Изборот на Таунс не е големо изненадување, особено ако се знае дека тој веќе извесно време беше на врвот на листата. ЛА Лејкерс е решен да најде кошаркар што ќе го замени Коби Брајант во иднина и како втор пик на драфтот го одбраа Д'Анџело Расел од Охајо Стејт.
Првобитно Лејкерс требаше да го одберат Џалил Окафор, но им го оставија високиот центар на Филаделфија 76-ерс како трет пик. За четврти и петти пик на драфтот се одбрани Европјаните
Кристапс Порцингис од Њујорк Никс и Хрватот
Марио Хезоња од Орландо. Меѓу првите десет пика се уште и Вили Коли-Штајн (Сакраменто), Емануел Мудај (Денвер), Стенли Џонсон (Детроит), Френк Камински (Шарлот) и Џастис Винслоу (Мајами).
На драфтот синоќа се појави и кошаркар роден во Македонија, поточно во Охрид.
Чеди Османкој игра за Турција е еден од најталентираните кошаркари во Европа. Минатата сезона играше стандардно во Анадолу Ефес а синоќа Минесота го одбра во втората рунда од драфтот како 31. пик.
Вили Коли Стајн, одличниот дефанзивец од Кентаки во Сакраменто Кингс го гледаат веќе како природна замена за ДеМаркус Казинс кој би требал да се пресели во Лејкерс. Седмиот пик Емануел Мудиај од Конго во Денвер би можел да ги оживее сеќавањата на Мутомбо.
Меѓу првите 10 пика на драфтот е и Стенли Џонсон, одличното крило кој ќе оди во Детроит. Задоволен од драфтот излегува и Шарлот кој го зема одличниот Камински од Висконски, кошаркар кој блескаше минатата сезона.
Се огласи и Шпанецот Рики Рубио кој му посака добредојде на Таунс во Минеаполис:
Хрватот Марио Хезоња стана најдобро пласираниот Хрват (вкупно четврти) на еден НБА драфт. Инаку, Орландо исто минатата година се реши за кошаркар од Хрватска и го одбра Дарио Шариќ како 12-ти пик на драфтот. Хезоња е четвртиот Хрват на еден драфт, по Шариќ, Далибор Багариќ и Зоран Планиниќ.
Навивачите на Њујорк Никс го исвиркаа изборот на Латвиецот Кристапс Порцингис, четвриот пик кој го споредуваат со Дирк Новицки. Од соседна Србија, на драфтот беа одбрани тројца кошаркари. Никола Милутинов од Партизан беше избран од Сан Антонио како 26. пик. Плејмејкерот Никола Радичевиќ (21 година, 196см) е избран од Денвер Нагетс, а капитенот на Црвена звезда, Лука Митровиќ е одбран од Филаделфија 76-ерс како последен пик на синоќешниот драфт во Барклис Центарот во Бруклин.