Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Во серија А денеска се случи ова

Торино и Емполи играат заостанат меч во италијанското фудбалско првенство на кој голманот на домаќините во 3 минута направи потег поради кој нема два дена да заспие.

Италијанските екипи го нападнаа четвртото место на Германците

Јувентус, Наполи и Фиорентина испратија сигнал до Бундеслигата, дека борбата за четвртата позиција која носи во Лига на шампиони не им е сигурна и дека ќе се борат да си ја вратат.

Барселона бара одмазда за седумката од 2013-та

„Тие можеби го знаат мојот начин на размислување, но не го знаат на моите играчи“, изјави Гвардиола пред вечерашниот меч Барса - Баерн на Камп Ноу. Каталонците дадоа 14 голови на последните две средби.

Кога ќе ти легне на прва

Џампаоло Чарча од Таранто (Италијанска четврта лига) го постигна голот на првенството. Неговиот тим славеше 3-0, а неговиот гол уште долго ќе се гледа.

Шест години од норвешкиот грабеж на Стемфорд Бриџ

На 6. мај 2009 година, норвешкиот судија Том Хенинг Овребо не досуди шест очигледни пенали за Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Играчите го напаѓаа, УЕФА го казни, а навивачи и ден денес му праќаат заканувачки мејлови дека ќе го убијат.

Мајтапот со Реал на социјалните мрежи

Големата победа на Јувентус против Реал Мадрид вчера ги запали социјалните мрежи. Твитер и Фејсбук беа преполни со досетливи шеги на сметка на Кралскиот клуб, а најмногу го кркаа Роналдо и Серхио Рамос.

Генијалниот гест на Луис Суарез преку Скајп

На младиот Матео од Уругвај пред две години му откриле канцер. За време на една од редовните консултации, во улога на доктор од Шпанија на Скајп се јави неговиот идол. На Матео му беше сеедно сè додека Суарез не ја пушти камерата и не му го разубави секојдневието.

УНИКА го искористи искуството за влез во Final 4

Екипите на Монтенегро и УНИКА се полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија, каде претходно пласман обезбедија Лукоил и Алкалоид.

80 секунди со финтите на Стефон Кари

Плејмејкерот на Голден Стејт синоќа го прими признанието за МВП на сезоната, а кога ќе видите што правел цела сезона со рацете, ќе ви дојде да кажете па овие и џабе го чувале.

Атланта и Мемфис го возвратија ударот

Перо Антиќ постигна 8 поени во втората плејоф пресметка на која Хокси го израмнија резултатот против Вашингтон. На другиот меч кошаркарите на Мемфис му го расипаа славјето на Стефон Кари кој го доби признанието за најдобар играч на сезоната.

Јувентус го матираше кралот

Со головите на Алваро Мората и Карлос Тевез, Јувентус вечерва го победи Реал Мадрид 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето на ЛШ. Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Буфон за надеж на Мадриѓаните пред реваншот.

Пилотот на Кралевите коj им носи среќа

Фудбалерите на Реал Мадрид побарале да патуваат со Хуан Мануел Бонед, човекот со кој се вратиле непоразени на најважните гостувања минатата сезона.

Пет најбрутални фаули на Реаловиот касап

Португалецот си ја залепи етикетата најгруб фудбалер во Европа откако дојде во Шпанија. Во 2009 година беше суспендиран 10 натпревари, откако монструозно газеше противнички фудбалер на сред натпревар. Од тогаш до денес заработи 6 исклучувања.

Документот на кој лажеше Пакјао

Дејлимејл објави копија од документот на филипинскиот боксер кој не кажал дека има повреда пред мечот против Флојд Мејведер.

Пијаната маскота на Австрија Виена

Виолетовиот лав Лео, маскотата на Австрија Виена минатиот викенд им пружи на навивачите несекојдневна прилика да гледаат циркуз на теренот. Толку беше пијан, што на крајот реагираа и лекарите.

Битка на великани во Торино

Во првото полуфинале од Лигата на шампионите, актуелниот италијански првак вечерва ќе го пречека Реал Мадрид. Двете екипи тежат вкупно 20 финалиња во европските натпреварувања.

120 бакљи за 120 години Фортуна Дизелдорф

Навивачите на бундеслигашот кој е моментално на седмата позиција во првенството, запалија 120 бакљи покрај реката Рајна во чест на роденденот на нивниот омилен клуб. Најголемиот успех го имаа кога стигнаа до финале во Купот на куповите на победниците во 1979 година. Дресот на Фортуна во сезоната 1995/1996 го носеше Дарко Панчев кој настапи на 14 меча и постигна 2 гола.

Пења мадридиста - гласот на Реал во Македонија

По италијанските и англиските ФАН клубови, свое место во караванот на Офф.нет доби и ФАН клубот на Реал Мадрид од Македонија. Ни раскажаа за вистинското лице на Пепе, за ракувањето и средбата со Флорентино Перез и идејата Реал да отвори камп во нашата земја.

Најпаметната фудбалска топка

Адидас ја претстави најновата топка за која се смета дека е иднината на фудбалот. Има вграден сензор и на играчите може да им даде фидбек со информации за ударот на мобилен телефон. Кафу ја шутнал со брзина од 130км на час.

Алкалоид со лек за пенали во дуелот со ЕЛЕМ

Екипите на Алкалоид и Лукоил се првите два полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија.

Ди Роуз и Гасол се прошетаа во Кливленд, Чикаго поведе

Гостите ги нанесоа првите удари во полуфиналните средби во Хјустон и Кливленд. Блејк Грифин без помошта на Крис Пол го носеше ЛА Клиперс до брејк во Хјустон, а Роуз и Гасол му одржаа лекција на Кливленд.

Најдобриот Типстер ќе добие дрес од македонската фудбалска репрезентација

Битката за првата позиција за месец април беше неизвесна до самиот крај, а ја освои Goran Ambardziev.