
Како што доликува на плејоф рундата за влез во Лига Европа, Работнички и скапоцениот Рубин вечерва прикажаа атрактивен, отворен и динамичен фудбал.
Црвено-белите уште во првите 15 минути покажаа дека не случајно стигнаа до оваа фаза и со неколку сериозни прилики преку Чума Анене и Вујчиќ го загрозија голот на репрезентативнот голман на Русија, Рижњиков. Русите вратија во 17-та минута преку Канеников, кога по една брза контра шпицот на Рубин Казан биеше силно, но Божиновски одлично одбрани.
Првиот спорен момент од средбата се случи во 20-та минута, кога Марјан Алтипармарковски беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, но судијата Вад од Унгарија само одмавна со раката. До крајот на првиот дел, и Работнички и Рубин имаа по неколку прилики но на полувремето се замина без голови.
Шок за Скопјани следуваше во 55. минута кога Милован Петровиќ по еден невнимателен и наивен старт на средината, доби втор жолт картон и Работнички остана со играч помалку на теренот. Тоа беше момент кога Рубин тргна фуриозно кон голот на Работнички.
Офанзивата им се исплатеше на Русите во 68. минута од мечот, кога по една неверојатна акција во стилот на Барса поведоа со 0-1. Комбинираа Карлос Едуардо и Кануников, следуваше центаршут по кој најдобриот гостински играч Карадениз само се поклони и со глава го матираше Даниел Божиновски. Турчинот се повреди при постигнување на голот, по што беше заменет.
Со вечерашниот подвиг, храбриот Работнички уште еднаш ја воодушеви фудбалска Европа и непоразен на првиот меч ќе патува на реваншот во Казан каде ќе се обиде да направи историски успех и да влезе во групната фаза од ЛЕ.
Головите и хајлајтс од мечот: