Драматичниот трансфер на Педро во последен момент во Челси покажа колку е тешко во денешно време да се договориш и да потпишеш со еден играч.
Манчестер Јунајтед се договори со Барселона за Педро, но додека играчот не земе пенкало во рака ништо не е готово. Челси го искористи адутот Фабрегас, кој заедно со неговата девојка го убедувале Педро да дојде во Лондон и тоа било пресудно за трансферот.
Во денешно време, ваквиот развој на настаните не е необичен. Управите се служат со сите можни средства, само да ја доведат посакуваната мета. Изгледаше слично како со Вилијан во 2013-та година, кога Челси му го зема на Тотенхем буквално од медицински прегледи.
Еден од најпознатите примери датира од 1990. година кога тренерот на Бурнемут и Хари Реднап отишле да го купат младиот Јан Воан од нисколигашот Ранкорн.
„Го гледав по два пати неделно и смрзнував навечер. Ми се допадна како игра. Се сретнав со татко му, кој на времето бил фудбалер на Алдершот. Се договоривме со клубот Ранкорн за Јан и се беше готово во вторник да го потпишеме. Татко му Алан ми се јави и ми кажа работам денес и нема да можам да дојдам. Може ли утре од сабајле да потпише? Баш би сакал да бидам таму кога малиот ќе потпише“, вели Хари Реднап за неговиот најсмешен трансфер.
Откако веќе му спремиле опрема и копачки на Јан Воан, се случило нешто непредвидливо.
„Навистина немаше потреба од татко му на Јан за да се потпише договорот. Вечерта на Телетекст имаше вест дека Воан доаѓа во Бурнемут за 40.000 фунти. Славниот тренер на Нотингем Форест, Брајан Клау бил во канцеларија со двајца членови на управата, Алан Хил и Рон Фентон и прочитале на Телетекст. Клоу им рекол: Бурнемут наоѓа одлични фудбалери во пониските леги. Кој е овој Јан Воан? Никој од нив не знаел, но Рон го познавал тренерот на Ранкорн и му се јавил да го праша дали договорот е готов. Добил одговор дека договор ќе падне следниот ден за 40.000 фунти. Тогаш Клау веднаш понудил 80.000 фунти ноќта и го зедоа. Во 11:30 сабајлето ми се јавија да ми кажат дека нема ништо од трансферот“, Хари Реднап ја раскажува трансфер анегодатата со младиот Воан.
Фудбалот често имал смешни разврски околу трансферите, а за најчудните овде.