
Преодниот рок во Шпанија се затвори на 30. јануари, во Германија се затвора денес во 18:00, а во Англија и Франција вечерва на полноќ. Во Италија трае до 23:00 и сигурно дека освен часовникот, се гледа и во мобилните, спремни се компјутерите и факсот за евентуални нови трансфери.
„Не може да се работи во хотелов, затоа што е срање. Срамота е да не им работи ништо“, урлаше во 2013-та Мино Рајола, менаџерот на Ибрахимовиќ и Балотели.
Рајола се изнервира во миланскиот хотел Ата, затоа што таму сакал да ги заврши сите зделки, пред затворање на преодниот рок истата вечер, а во хотелот не работел интернетот и Рајола неколку пати се заглавувал во лифтот. Поради тие причини не стигнал на време да прати факс до Фулам за фудбалерот Пајтим Касами, кој требаше да потпише со Пескара.

Во 2010. година, Аргентинецот Хуго Мариано Павоне стана светски познат, затоа што ѝ даде гол на Бока Јуниорс после кој Естудијантес предводен од Чоло Симеоне стана шампион на Аргентина. Павоне замина за Бетис, а од Шпанија подоцна сакаше да го ангажира Катанија.
Италијанскиот рок завршуваше во 19:00, а шпанскиот на полноќ. Катанија понуди 2,5 милиони евра, Бетис прифати и кога сè беше спремно за потпис, трансферот пропадна. Причина: Бетис во меѓувреме преговарал со Сарагоса за Бразилецот Евертон, во кој гледале замена за Павоне. Сепак, факсот дека Сарагоса не прифаќа трансфер не стигнал цела вечер и Бетис не го одобрил договорот за Павоне со Катанија.
На крајот факсот залутал на друга адреса, времето истече, а Стекеленбург добил порака на лондонскиот аеродром: „Пропадна трансферот, треба да се вратиш во Рим“. Холанѓанецот следниот јуни конечно стана играч на Фулам.
Како се изнервира еден од најпознатите фудбалски менаџери во светот, Мино Рајола: