Стадиони - ремек дела на архитектурата

Сезоната во европските лиги полека започнува, а ние ископавме нешто повеќе за некои од најубавите стадиони на континентот.

По неколку месеци без фудбал, за повеќето европски клубови започна сезоната 2015/2016. Навивачите ќе прават викендашки аџилак да ги бодрат своите тимови се до следниот мај и почетокот на Европското 2016 во јуни. Еве 10 европски стадиони кои вреди да се посетат од неколку причини:
 
Милернтор Стадион, Хамбург (Германија)

Година на отворање: 1961
Капацитет: 29, 546
Клуб: ФЦ Сент Паули
 
Стациониран близу ред дистриктот Reeperbahn во Хамбург, Милернтор-Стадионот е домот на Сент Паули, еден од најинтригантните клубови во светот. Со лево ориентирана филозофија, анархичната атмосфера на овој стадион често ја пречекорува границата на просечниот фудбал. Сент Паули е клуб со најмногу женски членови во Германија, а тимот има фан клубови од целиот свет. Најчесто луѓе кои се вљубуваат во Сент Паули поради неговиот идентитет и смисла на припадност.
 
И покрај тоа што со години се бори во втората германска лига и нема некои поголеми успеси, Сент Паули може да се пофали дека има повеќе сезонски карти од многу Бундеслигаши.
 
Сигнал Идуна Парк, Дортмунд (Германија)

Година на отворање: 1974
Капацитет: 81.359
Клуб: Борусија Дортмунд
 
Вестфаленштадион или официјално Сигнал Идуна Парк поради договорот со спонзорот се смета за стадион кој на постер го имаат многу навивачи во Европа. Како и остатокот од Европа, така и германските клубови решија да направат метални подвижни седишта кои може да се затворат и трибините да бидат за стоење. Околу 1.000 Британци патуваат во Дортмунд секој викенд за да го видат тоа чудо „Жолт ѕид“ на кое стојат и грмат околу 25.000 навивачи.
 
Сан Сиро, Милано (Италија)

Година на отворање: 1926
Капацитет: 80,018
Клубови: Милан, Интер
 
Прозван втората кадетрала на Милано, стадионот Џузепе Меаца, познат и како Сан Сиро важи за легендарно здание на светскиот фудбал. Финалето на ЛШ сезонава ќе се игра токму на Сан Сиро. Најмалку два пати годишно во сезоната на него се игра големото Дерби дела Мадонина. Тогаш целиот град е обоен во црвено и сино-црни бои, знамиња, банери. Сан Сиро е Мека за фудбалските фанови и останува еден од оние стадиони што мора да се видат.
 
Камп Ноу, Барселона (Шпанија)

Година на отворање: 1957
Капацитет: 99,354
Клуб: Барселона
 
Граден меѓу 1954 и 1957 година, Камп Ноу е најголемиот фудбалски стадион во Европа и вториот најголем во светот. Прв е стадионот Рунгнадо денот на Мај стадионот во Северна Кореа кој собира 150.000 гледачи. Камп Ноу сигурно е најпопуларната фудбалска викенд дестинација каде гостите може да направат импресивна тура низ стадионот и да научат за историјата на клубот.
 
Кревин Котиџ, Лондон (ВБ)

Година на отворање: 1896
Капацитет: 25.700
Клуб: Фулам
 
Со дрвените седишта и перници, Кревин Котиџ е еден од најубавите стадиони близу реката Темза во Лондон. Непроценливо е искуството во сабота напладне да прошетате во најблискиот парк и да гледате меч на Фулам. Граден во 18 век, Кревин Котиџ нема допирна точка со модерните стадиони кои изгледаат како шопинг молови. Покрај Котиџ, во Лондон е убаво да се посетат и Лофтус Роуд стадионот на КПР, како и Селхарст Парк на Кристал Палас.
 
Сан Мамеш, Билбао (Шпанија)

Година на отворање: 2013
Капацитет: 53.289
Клуб: Атлетик Билбао
 
Сан Мамеш е еден од поновите стадиони на листава и како неговиот истоимен претходник така и тој е компактен, во англиски стил. Секој просечен фудбалски фан слушнал за пеколната атмосфера на овој стадион каде играат играчи исклучиво од Баскиско потекло. Еден од малкуте европски клубови кои строго се држи до својата традиција.
 
Естадио Мунисипал, Брага (Португалија)

Година на отворање: 2003
Капацитет: 30.286
Клуб: Брага
 
Изграден во 2003-та, Естадио Мунисипал се наоѓа во близина на Монте Кастро и е прекрасно архитектонско здание. Необично за фудбалски стадион, Естадио Мунисипал содржи само две трибини. Зад едниот гол има карпест предел, а зад другиот има отворен поглед над градот Брага. И двете трибини се покриени со непробиен кров и поврзани се со неколку челични јажиња преку кои може да се стигне од едната до другата трибина. Дизајнот е инспириран од мостовите на Инките.
 
Игралиште Батарија, Трогир (Хрватска)

Година на отворање: 1912
Капацитет: 1.021
Клуб: ХНК Трогир

Најмал од сите на листава, стадионот на Трогир се наоѓа меѓу два монументи од 15. век: Карленго замокот, изграден од Венецијанците и кулата Свети Марко во ренесансен стил. Клубот игра во втората регионална лига на Далмација, дивизија за која не слушнал ниту најзагрозениот фудбалски авантурист на светот.

Дрипинг Пан, Лејс (ВБ)

Година на отворање: 1885
Капацитет: 3.000
Клуб: Лејс
 
Лејс ФЦ, кој е во сопственост на навивачите, цели 130 години играл на Дрипинг Пан. Иако игралиштето и стадионот се целосно возобновени во последните неколку години, местото и натаму има уникатен карактер кој се меша со страста за фудбалот на локалните мештани. До едната трибина е клупската куќа каде што гостите може да уживаат во коњските трки од другата страна на стадионот. Еден од најавтентичните англиски стадиони.
 
Стад Велодром, Марсеј (Франција)

Година на отворање: 1937
Капацитет: 67.344
Клуб: Олимпик Марсеј
 
Велодром е изграден за потребите на Мундијалот 1938. година и е домаќин на Марсеј уште од самото отворање во 1937. година. Стадионот неколку пати е зголемуван и реконструиран. Капацитет годинава го зголемија на 67.344 гледачи за ЕВРО 2016. Со новиот кров, Арената сега изгледа поубаво од кога и да е, а атмосферата е заглушувачка.
21 август 2015 - 13:25