Во 13-та секунда од мечот Од - Борусија Дортмунд, Јоне Самуелсон го постигна најбрзиот гол во историјата на Лига Европа и го сруши досегашниот рекорд кој го држеше Витоло од Севиља. Играчот на Андалузијците во март годинава на Виљареал му даде гол по само 13,21 секунди игра.
Самуелсон ја круниса одличната акција на Од на самиот старт од мечот, кога натрча на еден центаршут од левата страна и во пад со глава го отвори резултатот.
Околу 10.000 навивачи (3.000 гостински) на Скагерак Арената во градот Скјен се шокираа откако домаќинот по 20-ина минути водеше со убедливи 3:0. Сепак, Дортмунд до крајот направи сензационален пресврт и славеше со 3:4.
Инаку, пред првиот гол на Од, судијата Де Соуса мораше да го повтори почетниот удар, затоа што напаѓачот на Борусија Пјер Обамејанг прерано влегол во противничката половина. Таа опструкција не им сметала на играчите на Од, кои преку Зекини и Кастро тргнаа во напад, а во петерецот Самуелсон погоди за 1:0.
Најбрзиот гол во историјата на ЛЕ:
Сите голови и хајлајтс од мечот: