Бака и Луиз Адриано како Гулит и Ван Бастен

Дебито на новиот тандем на Милан, Карлос Бака и Луиз Адирано ќе се одвива во Тоскана, на истото место каде што за Милан дебитираа легендарните Холанѓани. Росонерите вечерва ѝ гостуваат на Фиорентина од 20:45.

Од стадионот на Пиза до оној во Фиренца има 88 клиометри. На првиот пред 28 години седна амбициозниот Ариго Саки, кој за прв пат го водеше Милан. Во нападот го имаше легендарниот тандем Руд Гулит - Марко Ван Бастен.
 
Денешниот Милан на Синиша Михајловиќ во нападот би можел да ги има Карлос Бака и Луиз Адриано, тандем кој ќе тргне во борба за трофеи.
 
Сеќавање: На 13. септември 1987 година. Стадион Арена Гарибалди во Пиза. Росонерите победија 3-1, но до бодовите стигнаа пред самиот крај. По головите на Донадони и Чечони, Холанѓаните го решија победникот. Најпрвин Руд Гулит за 2-1 со прекрасен гол, а потоа Ван Бастен од пенал. Во следното коло Милан загуби од Фиорентина дома, но тој пораз не остави трага и клубот од Сан Сиро ја освои титулата.
 
Во меѓувреме од Милано стигна веста дека Марио Балотели по втор пат ќе се врати во Милан, и тоа како позајмен играч од Ливерпул. Колку ќе има шанса за Супер Марио покрај одличните Бака и Луиз Адриано ќе покаже сезоната.

Головите на „лалињата“ во Тоскана: