Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

Самарџиски и твитот на Мишко

Македонскиот репрезентативец од денес е нов член на турскиот прволигаш Бујукчекмече, а како обично одат работите, трансферот на Твитер необично го најави неговиот агент и сопственик на Мега Лекс, Мишко Ражнатовиќ.

Најстариот фудбалер во светот ќе игра уште

Италијанците го имаат рекордерот Марко Балота кој на 43 години бранеше во ЛШ за Лацио, ние го имаме Тони Мицевски кој на иста возраст играше, а можеби и уште игра за родното село Поешево, а Јапонците го имаат Миура кој постојано ги поместува границите.

Како Меси се спрема за Ел Класико

После повредата која го оддалечи неколку недели од терените, Меси полека се опоравува и се очекува да настапи на големото дерби против Реал Мадрид на 21. ноември.

Нов формат и многу побогата Евролига

Претседателот на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин ја поздрави најавата на американскиот партнер кој сака да стане акционер во Евролигата и за 10 години да вложи најмалку 630 милиони евра.

Лејкерски играат одбрана како аматери

16-кратниот првак во НБА лигата синоќа загуби од Мајами 88:101 и стигна до шестиот пораз сезонава на седум меча. Лос Анџелес Лејкерс е во катастрофална криза и на последните 100 меча, загуби 75 натпревари. Нема да ве чуди податоков кога ќе видите како одиграа одбрана во една акција на Мајами.

Фиат Панда, навигатор и тура низ стадионите во Италија

Рикардо, Андреа, Џулио и Федерико се четворица студенти од Перуџа кој еден ден решиле да ги рипнат предавањата и да се спуштат низ Апенините за да ги видат сите стадиони. Резултатот е 2.800 поминати километри за три дена и покана на стадионот во Удине.

Лудата ефикасност на Баерн и Борусија

Баерн Минхен сезонава има дадено 57 гола на 19 меча, а Борусија 71 гол на 22 средби. Левандовски постигна 19 гола на 18 натпревари, а Обамејанг 22 гола на 21 меч. Ова се однесува на сите натпреварувања.

Колина му пиша писмо на ќелав фудбалер

На славниот италијански арбитар се потсетивме вчера, а повод беше хуманитарниот натпревар кој ќе го суди на кој тренери ќе бидат Фергусон и Анчелоти. Ете го денеска пак со една интересна вест каде му дава психолошка помош на едно дете.

Водач уште од мали нозе

Одиш во школо, им го пушташ видеово на другарите во клас и им покажуваш како се води навивачка група. Снимката е по лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем кое заврши 1:1, а малиот почнува да пее за Кристијан Ериксен.

Хрватот кој е незаменлив дел од Барселона

Меѓу 157 милиони евра потрошени за трансфери минатата година, Каталонците одвоија 18 за Хрватот кој за кратко време стана омилен на Камп Ноу и незаменлив дел од составот на Луис Енрике.

Вејн Руни знае и со кечери

Капитенот на Манчестер Јунајтед, на теренот и надвор од него не прашува кој стои од спротива. Спремен е во секој момент и во секое време.

Хаџи во улогата играј фудбал, не глуми

Легендата на романскиот фудбал, Ѓеорѓе Хаџи не заборавил на фер-плејот од играчките денови. Како тренер на Витолул минатиот викенд на мечот против Астра Џурџиу му нареди на својот играч Бензар Ромарио да стане и да не глуми.

Се сеќавате ли на Пушкаш наградата за 2011?

Мајсторијата против Виљареал изминатиов викенд и тазе номинациите за гол на годината, не потсетија на тоа што Нејмар им го правеше на дефанзивците во Бразил, додека играше за Сантос. 

Црномурестиот Баскиец кој ја импресионираше Европа

Клупската политика на Атлетик Билбао уште од основањето е во тимот да има само Баскијци, играчи родени во Баскија. Оттука оние кои знаат за ваквиот став се чудат од каде во Билбао црномурен играч и тоа најдобар во составот.

Македонски Телеком поснаодлив во дуелот со МЕПСО

Во вториот ден од шестото коло во Бизнис лигата на Македонија, ЕЛЕМ убедливо го совлада ТРАНСМЕТ, а ФАКОМ и ЈСП си ги поделија бодовите.

Таљавенто призна за пеналот, Гарсија го толкува по свое

Непостоечкиот пенал на дербито Рома – Лацио сè уште се коментира во италијанските медиуми, а ист таков кога беше досуден против Рома, во корист на Јувентус, тренерот на Римјаните го коментираше како поклон.

Данкан асистира и од земја, Голден Стејт до осма победа

Кошаркарите на Атланта Хокс на полувремето губеа дури 30 разлика од Минесота Тимбервулвс, по што Џеф Тиг и Ал Хорфорд сакаа да се степаат со противничките играчи. ЛА Клиперс го доби дербито со Мемфис.

Како бе вака на 9 години?

Роналдо, Меси, Нејмар, Зидан, Роналдињо. Од сите овие петмина, детево има по нешто. И го прави, онака мртов ладен како да е најнормално вака да се игра фудбал на 9 години.

Илјадници навивачи ќе го гледаат испаѓањето на Челси во втора лига

Тоа што екипата на Мурињо е на петто место, ама од доле нагоре на табелата почна да им создава хистерија на навивачите, па почаа со претпоставки како ќе заврши нивниот тим.

Реал Мадрид донесе профит на Типстер, Милан разочара

Со триумфот над ПСЖ, Кралскиот клуб во првата недела на Типстер донесе профит од 9.278 кредити.

Коби Брајант ќе фали во НБА

Најблиското нешто до Мајкл Џордан велат дека се вика Коби Брајант (за тоа имате тука). За пет кратниот НБА шампион со Лос Анџелес Лејкерс денеска излезе информација дека по оваа за него јубилејна 20-та сезона во американската кошарка, заминува во пензија. НБА дефинитивно ќе биде посиромашна.

Руски тајни служби прикривале допинг кај атлетичари?

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) бара суспензија за Атлетската руска федерација и забрана за учество на сите меѓународни натпреварувања во наредните две години. За аферата ја обвинува руската влада.

Англиски адвокат доби отказ бидејќи пцуел навивачи на Ливерпул

Понеделник е коњак ден за коментирање и анализирање на спортскиот викенд, но во Лондон ако те фатат дека многу ти збори устата, може да те избркаат од работа.