Последните четири победи на Баерн се 4:0, 1:3, 5:0, 4:0, а на Борусија 7:1, 1:3, 4:0, 3:2.
Баерн сезонава само на два меча не успеа да стигне до погодок. Прво на дуелот од Лигата на шампионите против Арсенал кој го загуби со 2:0, а потоа во домашното првенство на 30 октомври, кога одигра 0:0 на гости со Ајнтрахт Франкфурт.
Борусија нема таков проблем од април кога загуби од Баварците со 1:0. Милионерите постигнаа гол на последните 32 меча, а доколку продолжат со вакво темпо, до зимската пауза во Бундеслигата ќе запишат уште 100 голови.
До ваква ефикасност не можат да стигнат ниту двата гиганти од Шпанија. Барселона сезонава има постигнато 39 гола на 19 средби, а Реал Мадрид 33 гола на 15 меча.
Во Бундеслигата никој не e ниту блиску до гол разликата која ја направија Баерн и Борусија по првите 12 кола.