Ако нередовно ја следите шпанската Ла Лига, за Ињаки Вилијамс можеби сте слушнале минатата година. Син на човек од Гана и Либеријка, роден во Билбао и се смета за Баскиец. Прво играл фудбал во Памплона, а на 16 години години се префрла во младинската школа на Атлетик, позната како Лезама.
Играше за резервниот тим Атлетик Билбао Б и беше најзаслужен за промоцијата на оваа екипа во втората лига. За првиот тим дебитираше на 6. декември 2014. година кога го замени повредениот Адиз Адуриц во поразот дома од Кордоба (0-1).
Стана првиот цронумрен фудбалер во историјата на Атлетик после Рамаљо, а потоа и првиот црномурен бомбардер на екипата. Минатата сезона даде два гола, а експлодираше летово кога наполни 21 година. Пред него, прв црномурен играч во историјата на Атлетик беше бекот Жонас Рамаљо кој во 2009. година дебитираше на официјален меч.
Во само пар месеци, Ињаки Вилијамс даде 6 голови на 9 натпревари во Примера и во Лига Европа, од кои некои беа навистина елегантни и убави погодоци. На пример против Еспањол (2-1) во последното првенствено коло минатиот викенд.
Madre mia che golazo:
Против Бетис даде два гола, од кои вториот со петица:
Меѓу натпреварите со Бетис и Еспањол во Ла Лига, Ињаки Вилијамс даде два гола во Лига Европа против Партизан:
Во октомври му даде еврогол и на Депортиво:
Две асистенции против Спортинг Хихон пред две недели: